10 Јануари, 2025
0.0330

ЕВЕ ЗА ШТО ТОЧНО СЕ ОСОМНИЧЕНИ ГРУБИ И ПЕРПАРИМ: Тошковски уште еднаш побара од поранешниот вицепремиер да се врати

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска повторно го повика поранешниот вицепремиер Артан Груби да се врати во земјава за да ја докаже својата невисност во однос на обвинувањата дека тој и поранешниот директор Перпарим Бајрами проневериле околу осум милиони евра од Државна лотарија. 

-За предметните лица МВР постапи согласно своите надлежности во делот на отпочнување со една кривична постапка. Поднесене е кривична пријава до надлежното ЈО, понатаму процесот се води од стрна на јавниот обвинител. Во однос на тоа дека истите се недостапни на органите на прогон, за жал тоа е така. Но, барем еден од нив изјавуваше дека е невин и дека ова не е согласно закон постапка, која се води од државните институции. За да го докаже тоа, јас по не знам кој пат би го повикал доброволно да се врати во Македонија и при тоа пред органите надлежни за спроведување ваков тип постапки да ја докаже својата невиност заедно со неговиот партнер, кој што исто така е недостапен на органите на прогон, а постојат и тоа како основани сомневања дека истите поприлично душмански го краделе својот народ во изминатите години, рече Тошковски. 

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има нови моменти во однос на потрагата за овие две лица по отворањето на нова канцеларија на Управните служби на МВР во Желино,  Тошковски нагласи дека од надлежните институции се работи во насока на нивно откривање, односно распишана е меѓународна потерница и за двете лица.

-Доколку истиот не покаже доблест да се врати во државата која што го ранела повеќе од 40 гондини, ќе се постапи на друг начин за негово обезбедување пред надлежните институции, рече министерот посочувајќи дека е јасно пропишана постапката за екстрадиција за одредени лица кои се недостапни на законот.

Тој при тоа одби како што вели, да шпекулира каде се наоѓаат овие лица, бидејќи нема официјално потврдени информации до надлежните органи.       

Министерството за внатрешни работи на 18 декември, лани, на барање на Јавното обвинителство, распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија, откако двете лица беа недостапни за органите на прогонот, а на кои Основниот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена.

За Груби потоа беше објавено дека со дипломатско возило на еден познат стопанственик ја напуштил земјава и се упатил кон Косово, додека поранешниот директор на Државна Лотарија веќе подолго време не бил во земјава.

Артан Груби (47) е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“чл. 275-в ст.3 в.в. член 24. Заедно со Груби и Бајрами, осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски (50), како и уште пет лица.

Перпарим Бајрами (31) се сомничи за „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.4, за „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави на 9 декември лани, соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција. Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).


Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОТО СО АХМЕТИ ВО 2001 Е ИЗБРИШАНО: Toшковски вели дека кога некој е кабает, се обидува да дефокусира

ВИДЕОТО СО АХМЕТИ ВО 2001 Е ИЗБРИШАНО: Toшковски вели дека кога некој е кабает, се обидува да дефокусира

„ВРЕДИ“ ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА НА КОСТАДИНОВ: Tој е маргинален проруски политичар во Бугарија

„ВРЕДИ“ ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА НА КОСТАДИНОВ: Tој е маргинален проруски политичар во Бугарија

На царинските службеници уапсени во „Премин“ им се одземени парите и повеќе нема да ја извршуваат професијата

На царинските службеници уапсени во „Премин“ им се одземени парите и повеќе нема да ја извршуваат професијата

СДСМ НЕМА ДА ГИ ГЛАСА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ ЗА МИНИСТРИТЕ: Се огласи Оливер Спасовски

СДСМ НЕМА ДА ГИ ГЛАСА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ ЗА МИНИСТРИТЕ: Се огласи Оливер Спасовски

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВРВЕН СПЕЦИЈАЛИСТ ИНТЕРНИСТ, ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГ: Почина д-р Лилјана Пренџова

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВРВЕН СПЕЦИЈАЛИСТ ИНТЕРНИСТ, ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГ: Почина д-р Лилјана Пренџова

ЗОШТО НЕ БЕШЕ МОЕТО БЕБЕ ПРИМЕНО ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ НА КЛИНИКАТА? Таткото на седуммесечното бебе најави тужба

ЗОШТО НЕ БЕШЕ МОЕТО БЕБЕ ПРИМЕНО ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ НА КЛИНИКАТА? Таткото на седуммесечното бебе најави тужба

ДИРЕКТНИ ЛИНИИ ОД СКОПЈЕ ДО АМСТЕРДАМ И ПАРИЗ - надлежните најавуваа нови дестинации во следниот период

ДИРЕКТНИ ЛИНИИ ОД СКОПЈЕ ДО АМСТЕРДАМ И ПАРИЗ - надлежните најавуваа нови дестинации во следниот период

„Цивили врзани за бандера и дигнати во воздух - може да биде само ТЕРОРИЗАМ“: Мојсоска 'сите досегашни политичари ја извисија македонската држава'

„Цивили врзани за бандера и дигнати во воздух - може да биде само ТЕРОРИЗАМ“: Мојсоска 'сите досегашни политичари ја извисија македонската држава'

ГРАДЕЛЕ ГОЛЕМИ КУЌИ, А СЕГА ИСТИТЕ ЗЈААТ ПРАЗНИ: Постарите не ни замислувале дека ќе дојде ден кога младите масовно ќе се иселуваат

ГРАДЕЛЕ ГОЛЕМИ КУЌИ, А СЕГА ИСТИТЕ ЗЈААТ ПРАЗНИ: Постарите не ни замислувале дека ќе дојде ден кога младите масовно ќе се иселуваат