19 Декември, 2025
0.0406

„ЕВН Снабдување“ ќе понуди и евтина тарифа за малите бизнис корисници

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2014 18:34

Добивај вести на Viber

ЕВН Снабдување за малите бизнис корисници кои ќе излезат на слободниот пазар подготвува ценовни продукти со многу поволности, тврдат од компанијата. Ако до сега на регулираниот пазар за групата на мали бизнис корисници за кои се применуваше Вториот тарифен степен низок напон, односно се применуваше единствена висока цена во текот на целиот ден, на слободниот пазар создадени се услови на овие компании да им се понуди и евтина тарифа на електрична енергија. „ЕВН Снабдување ваквата можност ја темели на  добиените резултати од извршените анализи за развојот на слободниот пазар на електрична енергија за малите бизнис потрошувачи кои ќе одлучат да излезат на слободен пазар од 01.01.2015 год. Ова значи дека  покрај очекуваното намалување на цената на електричната енергија, ЕВН Снабдување помеѓу останатите, ќе понуди и ценовен продукт кој што ќе вклучува и ниска (евтина) тарифа за оваа група на потрошувачи“, вели г. Нико Берберу менаџер на ЕВН Снабдување. Оваа новина е дел од заложбите на ЕВН Снабдување да излезе во пресрет на специфичните барања на сите групи на потрошувачи, поаѓајќи од опциите што ги нуди слободниот пазар на електрична енергија. Тимовите на „ЕВН Снабдување“ веќе работат на развој на специјални понуди кои на малите и средните компании ќе им овозможи снабдување со електрична енергија по најдобри услови. „ЕВН Снабдување“ е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија. Компанијата располага со стручен тим, кој овозможува навремена и стручна услуга, како и експертиза што на компаниите им обезбедува стабилен развој на нивните бизниси. ЕВН на македонскиот енергетски пазар има формирано и две балансни групи, една на слободниот и една на регулираниот пазар, што на компаниите им овозможува дополнителна стабилност.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА