06 Октомври, 2024
0.0274

ЕВН ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ: Направен план за исплата на долговите

Објавено во: Македонија 09 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.

- Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото - изјави Шаини.

Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.

- Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите - вели Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001.

Фото: МИА 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица