10 Мај, 2024
0.0244

Факти за парите кои сигурно досега не сте ги знаеле

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Парите сите ги сакаме, ги користиме секојдневно, работиме за да ги имаме што повеќе, но некои од овие факти кои ќе ги дознате за нив можат да ве изненадат. – Во едно истражување, на 90% од банкнотите на американскиот долар се пронајдени траги од кокаин. – Првата банкнота на светот доаѓа од Кина, а издадена е пред 1400 години. – Секоја година се прават повеќе пари за популарната игра Монопол, отколку реални пари. – Доколку имате 10 евра во џеп, а притоа немате никакви долгови – побогати сте од 25% од Американците. – Најголемата банкнота на светот ја издала филипинската влада во 1998 година 100.000 филипински пезоси. Со оглед на тоа што е банкнота, голема е колку лист А4 формат, издадена во мал број примероци, колекционерите ја купувале и за 180.000 пезоси. – Првиот банкомат е направен и инсталиран во Лондон 1967 година. – Од Австралија до Тринидад и Тобаго, потретот на кралицата Елизабета красел валути од 33 различни земји – повеќе од која било друга личност на светот. – Се со цел пребродување на проблемите со хиперинфлацијата, властите на Зимбабве издале банкнота од 100 милијарди долари. – Според една научна студија, доколку сакате да заштедите пари не допирајте ништо во шопинг. Кога нешто допираме, веднаш ни се зголемува желбата истото да го купиме, па дури и повеќе да платиме. – Во 2012 година, 100-те најбогати луѓе на светот имале доволно пари да го искоренат глобалното сиромаштво дури 4 пати. – Коцкањето годишно генерира повеќе профит од филмовите, спортовите, тематските паркови, крстарењата и снимањето музика – заедно! – Во Германија околу 1923 година, банкнотите толку ја изгубиле својата вредност што луѓето започнале да ги користат како тапети. – Нацистите фалсификувале банкнота на британската фунта со вкупна вредност од 134.610.810 фунти. Нивниот план бил дестабилизација на британската економија, а овие фалсификувани банкноти и ден денес се сметаат за едни од најсовршените фалсификати на светот. – Мостовите и капиите прикажани на банкнотите на еврото не прикажуваат вистински градби, туку стилови. – Низ историјата, луѓето користеле разни облици на пари, а некои од најпопуларните биле сапунот, какаото, влакна од слонова опашка, житарици, животинска кожа, пердуви, чај и слично. – Во средниот век, витезите не сакале да носат со себе никаков вид на пари (златници/сребро) поради честите грабежи. Наместо тоа, витезите носеле посебни прстени. Кога витезот би сакал нешто да плати во гостилница, тој на парче хартија би оставил печат со својот прстен, а сопственикот на гостилницата подоцна со таа хартија би отишол во дворецот по своите пари. – Најраното фалсификување пари се случило 540 години пред новата ера кога Поликрат од Самос користел лажни златници за да го исплати долгот на Спартанците. – Денес во светот се користат повеќе од 170 различни валути. – На светот постојат повеќе од 1,6 милиони банкомати, а истите најчесто се користени во петок. – Само 8% од парите на светот се физички пари, остатокот е во електронска форма. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори