Фактор анализа ИЛИНДЕН 2024: Најбогатата општина во Македонија! Има 16 фирми со профит поголем од еден милион евра
Објавено во: Анализа 22 Мај, 2025 13:53
Општина Илинден е епицентарот на бизнисот во Македонија. Основана во 1951 година со нешто повеќе од 5.000 жители сега е домаќин бројни успешни компании, меѓу кои само лани 30 компании успеале да остварат приход поголем од 10 милиони евра.
Како бизнис инкубаторот стана најголем македонски економски генератор?
Клучна предност на Илинден е близината до Скопје. Тоа знаеја да го искористат луѓето кои ја воделе општината во минатото и да нудат најповолни услови за основање бизнис и изградба на погони и објекти за сите што сакаат да работат, а услов во нивната бизнис стратегија е да се близу до Скопје.
Стратегијата вроди со плод, а резултатите се нижат, одат од добро на подобро. Тоа го покажуваат и двете табели во прилог на овој текст, а пред аргументите, велат, молчат и боговите.
Седиштето на најголемата компанија која работи во Македонија е токму во Општина Илинден. Тоа е „Џонсон Мети“ глобалниот производител на катализаторски системи за најголемите светски автомобилски концерни. Лани неговиот приход од извоз е 1,88 милијарди евра што е близу до 50 отсто од нашиот национален буџет. Добивката на „Џонсон Мети“ лани е 63,3 милиони евра. Во Илинден, поточно во селото Миладиновци е седиштето на најголемата македонска компанија за трговија на големо со нафтени деривати. Тоа е ОКТА, поранешната македонска рафинерија за нафта. Нејзиниот приход лани е 720 милиони евра, а добивката е 3,5 милиони евра.
На трето место на оваа листа на најголеми е најголемиот македонски ланец на супермаркети, поточно хардисконти, прочуен по висок квалитет и ниски цени, КАМ. Неговиот приход лани надмина 300 милиони евра, а добивката била 6,9 милиони евра. Во најголемите во Илинден, а воедно и во Македонија се уште скопската филијала на „Кромберг и Шуберт“, големиот производител на сувомесни продукти „Пекабеско“ и големите увозници на стоки за широка потрошувачка „Атлантиц Траде“ и „Нелт“. Во Илинден, нормално, е и седиштето на операторот на скопскиот комерцијален аеродром – филијалата на турската компанија ТАВ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





