„ФАКТОР“ АНАЛИЗА: Најголеми увозници на нови автомобили во 2024 година
Објавено во: Анализа 26 Мај, 2025 13:53
Најголемите десет македонскиувозници на нови возила лани оствариле вкупен приход кој надминува 400 милиони евра и тоа е резултат за почит. Покажува дека нашите граѓани, компании и институции одвоиле повеќе од 400 милиони евра за да го обноват својот возен парк и со тоа да дадат придонес за побезбеден сообраќај и тоа е добро особено ако се знае дека сме меѓу земјите со најголем број загуби на живот во сообраќајки според глава на жител. И уште еден податок, Македонците и понатаму со своите културолошко-социјални убедувања најмногу веруваат во и не жалат пари за да купат европски марки автомобили
Новиот автомобил и понатаму останува да биде статусен симбол во нашата култура и систем на вредности. Тоа го потврдуваат бројките за приходите на македонските овластени увозници на нови возила. Во период од само две години вредноста на вкупниот приход на увозниците на возила пораснал за повеќе од 100 милиони евра,поточно, од 280 милиони евра на 404 милиони евра.
Убедливо најголем удел во пазарот држи „Порше Македонија“ кој продава возила произведени од концернот „Волксваген“ (Волксваген, Шкода, Сеат). Во период од две години (2022-2024) оваа компанија речиси го удвоила своето пазарно учество. Затоа што во 2022 година изнесувало 58 милиони евра, а сега е 100,2 милиони евра.
Втор најголем учесник на пазарот е „Мак Ауто Стар“ увозник за најпопуларниот светски автомобилски бренд „Мерцедес Бенз“ чии приходи лани надминаа 76 милиони евра од продажба нови возила и сервисирање возила.
Во тесна трка трет најголем продавач на нови возила на нашиот пазар е увозникот на „Пежо“ и „Опел“ – „Еуроимпекс“ пред „Атонова“ увозникот на „Цитроен“.
Приказ на најголемите компании увозници подолу.
„Фактор“ за прв пат годинава прави рангирање и на најголемите лизинг компании специјализирани за продажба возила, но и на дилери кои продаваат половни автомобили.



Р. Ф.
Можеби ќе ве интересира
Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта
Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет
Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски
Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата
Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max
Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување




