05 Декември, 2025
0.0284

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

Објавено во: Анализа 21 Мај, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Полог е синоним за претприемачи, вредни луѓе со силна приватна иницијатива, со „њух за бизнис“. И со голем предизвик да покажат дека се поуспешни од градските. Полог, во една реченица, е пример за тоа дека во Македонија може да се води голем бизнис и од село. Полог е исклучок од правилото што важи во Македонија дека градот го уби селото. За тоа колку е силна приватната иницијатива во комбинација со локал-патриотизмот во Полог покажува фактот што дури најголемите четири компании според приходите се стационираи во селски општини

Полог е најсеверната котлина во Македонија која има два клучни атрибути по кои се разликува од сите други. Првиот е демографски и произлегува од најгустата населеност во споредба со сите други региони и најбројна дијаспора.

Втората е таа што Полог е наголем бизнис инкубатор со најголем број претприемачи од кои значаен дел се веќе успешни и големи бизниси. Со еден збор Полог, неговите два големи града Тетово и Гостивар и бројните населени места се царство на приватната иницијатива. Токму таа исклучително висока култура за водење сопствен приватен бизнис произлегува од тоа што овој регион со децении наназад има бројни иселеници во западноевропските земји и во САД.

Статистички Полог има околу 300.000 жители на хартија, но заради големата економска миграција реалниот број на постојани жители е помал. Особена економска активност во котлината има во летните месеци кога традиционално се прават гастарбајтерските свадби. Полог е поставен по течнието на Вардар и неговата просторна површина е 400 квадратни километри.

Полог е познат како регион со многу плодна земја, развиено приватно организирано земјоделство, многу богат со вода затоа што тука извира и тече најголемата македонска река Вардар и што е најважно со вредни и работливи луѓе кои се докажани претприемачи и големи стопанственици.

Кои се најголемите приватни бизниси во Полог?

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?