ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДУИ е против референдум, а Апасиев повика на целосна блокада на Собранието
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2022
ДУИ Е ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМ
ДУИ денеска одржа прес-конференција, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли рефенедумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.
ДУИ тврди дека станува збор за меѓународен договор и според Уставот и неговото правно дејство не може да се менув, изјави меѓу другото. на прес-конференција шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.
„Иницијативата за организирање на референдумот е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија и е отфрлена бидејќи Уставот, како највисок правен акт, е многу јасен.АПАСИЕВ ПОВИКА НА ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО
Време е за тотална блокада на Собранието, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Тој ја повикува целата опозиција да влезе во тотална блокада. Апасиев рече дека по последната постапка на собранискиот претседател Талат Џафери кој самиот реши да ја цени уставноста на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, нема веќе смисла да се биде во Собранието.ХОЏА ПОВИКА ДА СЕ ИСКЛУЧИ МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ
Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на одлуката повеќе да не свети Ајфеловата кула во Париз.
„Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.УКРАИНЦИТЕ ГО ОСЛОБОДИЈА ИЗЈУМ
Украинците во украинскиот град Изјум ги кинат руските знамиња и ги поздравуваат украинските војници. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека граѓаните се среќни што градот повторно се врати под украинска контрола.
Луѓе со украински знамиња на грбот и цвеќиња им приоѓаат на војниците.
„Слава на Украина“, „Слава на хероите“, „Изјум е Украина“ извикуваат украинските војници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети ова место и го подигна државното знаме.ЧИТАЈТЕ УШТЕ