ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2025 21:24
ДОСЕГА 22 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ЗА ДА ГО НАПУШТАТ ИЗРАЕЛ
До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, велат од МНР.
„Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање“, велат од МНР.
Македонското Mинистерство за надворешни работи(МНР) објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран.АЛИУ ГИ ПРЕТСТАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО
Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат, вели новиот министер за здравство, Азир Алиу.
Алиу најави стабилен, политички независен здравствен систем.
Тоа ќе се направи преку пет столбови:
1. Стратешко планирање преку национална мапа на здравствени потреби. Прв пат ќе изградиме цела мапа по региони и општини, која ќе покаже каде недостигаат лекари, опрема, кадар или функционални центри. Одлуките за инвестиција ќе се базираат на потребите.
2. Транспарентност и отчетност во здравствените услуги, преку платформа за следење на перформансите на здравствените услуги. Повеќе нема да има бројки што се кријат во фиоки.
ИМА ЖРТВИ ВО НАПАДИТЕ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН
Израелската војска издаде предупредување до иранските граѓани кои живеат во близина на иранските воени објекти. Им порачаа дека „би можеле да бидат цел“ ако останат во своите домови.
„Ве молиме веднаш да ги напуштите овие области за да ги заштитите вашите животи и безбедност. Не се враќајте во вашите домови до понатамошно известување“, се вели во соопштението на израелската армија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




