09 Ноември, 2025
0.0787

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕК потсетува дека не направивме уставни измени, Mицкоски вели дека поради вештачки спорови стоиме во место

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 22:27

Добивај вести на Viber

ЕК ВО ИЗВЕШТАЈОТ НАВЕДУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ НАПРАВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Нема конкретни чекори од Македонија во обврските потребни за продолжување на европскиот пат со  вметнување на Бугарите во Уставот, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава. Во него децидно се истакнува дека  ништо не е направено за да се донесат уставните измени, што е обврска од Договорот за добрососедство, а во него се наведува и исполнувањето на Договорот со Грција, но како што се прецизира треба да има добра волја од сите страни.

„Северна Македонија изминатава година не презела решителни чекори за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени, вклучително и за вклучување во Уставот на граѓани кои живеат во нив, а се дел од други народи, како што се Бугарите, согласно заклучоците од јули2022 година, кои се обврзала да ги започне. Билатералните договори со соседните земји, вклучувајќи го и Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија бараат доверба од сите страни“, се вели во извештајот на ЕК.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ВЕШТАЧКИ СПОРОВИ МАКЕДОНИЈА СТОИ ВО МЕСТО

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека по две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини. 

Тој говореше на денешниот Самит за проширувањето во Брисел, организиран од страна на телевизијата Еуроњуз.

Мицкоски потенцира дека земјава го почна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата, стана кандидатка за членство во 2005 година, заедно со Хрватска, со која заедно го доби и првиот позитивен извештај за започнување на преговорите во 2009, но за жал денес е на истото место каде што беше и пред 25 години.

МЕМОВ РЕТЕРИРА ЗА КРИТИКАТА УПАТЕНА КОН ВРЕДИ

Никола Мемов од ЗНАМ тврди дека вчера изнесениот став бил личен, а не партиски.

Откако вчера вечерта тврдеше дека ВРЕДИ го изиграле ВМРО-ДПМНЕ на изборите, денеска ретерира.

Вчерашната објава на мојот Фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции. Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период“, пишува тој. 

МЕЏИТИ СЕДНА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКОТО СТОЛЧЕ 

Поранешниот градоначалник на Чаир, Иџет Меџити, ја презема старо новата функција од неговиот претходник, Висар Ганиу. Меџити ќе ја води општина Чаир во следните четири години.

„Денес ја прифатив функцијата градоначалник на Општина Чаир.

Од денес се враќам во мојата земја, меѓу мојот народ, со чест, понизност и длабока благодарност.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И овие локални избори во поголемите градови има по илјадници неважечки гласачки ливчиња, додека во одредени општини и излезноста е ниска, што алармира дека гласачите се незадоволни. На ниво на целата држава, излезноста е под 50 отсто, а бројот на неважечки гласачки ливчиња е 23.930.

Една од најуспешните компании од Прилеп со значителен раст на заработката оваа година, особено во споредба со истиот период минатата година.

Прoсечната месечна нетo плата по врабoтен во Јавното претпријатие „Државни патишта“ надминала илјада евра уште во текот на ланската година. Тоа најверојатно било овозможено од големата добивка и од високите приходи што се наплаќаат од патарините, регистрациите на возила и од акцизите од горивата, како и од другите услуги..

Стариот политички лисец Али Ахмети не планира да си поднесе оставка по изборниот пораз на ДУИ и коалицијата Национална алијанса за интеграција. Ахмети дури смета дека тие се и победници ако се гледаат гласовите на советничките листи.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

РАЧНО СЕ ЧИСТЕА И СПОМЕНИЦИТЕ НА ПЛОШТАДОТ: Продолжи генералката во Скопје

РАЧНО СЕ ЧИСТЕА И СПОМЕНИЦИТЕ НА ПЛОШТАДОТ: Продолжи генералката во Скопје

ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“

ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“

„КАКВИ БИТАНГИ, ТИЕ ШТО ГО ОВОЗМОЖИЛЕ ОВА“: Адвокатот Дуковски за тие што земале плата од Комунална а не оделе на работа

„КАКВИ БИТАНГИ, ТИЕ ШТО ГО ОВОЗМОЖИЛЕ ОВА“: Адвокатот Дуковски за тие што земале плата од Комунална а не оделе на работа

ДПА НЕ ДОБИЛЕ ПОКАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДА, АМА БИ ЈА ПРИФАТИЛЕ: Алиу вели дека ќе почекаат

ДПА НЕ ДОБИЛЕ ПОКАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДА, АМА БИ ЈА ПРИФАТИЛЕ: Алиу вели дека ќе почекаат

„ВИ ГО ДАДОВ МОЈОТ ЗБОР“: Ѓорѓиевски се пофали со генералката на плоштад

„ВИ ГО ДАДОВ МОЈОТ ЗБОР“: Ѓорѓиевски се пофали со генералката на плоштад

БРАНКО ПОВТОРНО ФАТЕН ВО РЕСТОРАН: Овој пат на сликата е со министерот за администрација, Минчев

БРАНКО ПОВТОРНО ФАТЕН ВО РЕСТОРАН: Овој пат на сликата е со министерот за администрација, Минчев

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ: АИ ќе ја подобри дијагностиката во медицината

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ: АИ ќе ја подобри дијагностиката во медицината

Дали е ова прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? Левица тврди дека нови автобуси се набавуваат за приватните превозниси, не за ЈСП

Дали е ова прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? Левица тврди дека нови автобуси се набавуваат за приватните превозниси, не за ЈСП

„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ

„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ