18 Декември, 2025
0.0548

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филков предлага ревидирање на Бадентер, Мицкоски не се согласува со тоа

Објавено во: Македонија 21 Август, 2025 22:21

Добивај вести на Viber

МИНИСТЕРОТ ФИЛКОВ ПРЕДЛАГА РЕВИДИРАЊЕ НА БАДЕНТЕР

„Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“. Ова го изјави министерот за правда Игор Филков во интервју за утрешното издание на весникот „Фокус“.

– Се надевам дека до објавувањето на ова издание, Собранието веќе ќе ја има завршено домашната работа и нема да дозволи да се создаде правен вакуум. Но, доколку тоа не се случи, значи употребата на Бадентеровото мнозинство се злоупотребува. Ако е така, тогаш можеби е дојдено време да размислиме за потребата тоа да се ревидира. Македонија мора да оди напред – вели Филков.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Бадентеровото мнозинство е дел од Охридскиот рамковен договор, а тој е дел од Уставот. 

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КАРПОШ

Пожарот што денеска избувна во поранешниот објект на „Макотекст“ во скопската населба Карпош 4, во близина на мостот Обединети Нации, е целосно локализиран, потврди директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

– Екипите на Бригадата за противпожарна заштита успеаја навремено да го стават пожарот под контрола. Дел од екипите сè уште се на терен за целосно обезбедување на локацијата – изјави Али.

ПУТИН САКА УКРАИНСКИ ТЕРИТОРИИ ШТО ВООПШТО НЕ ГИ ОКУПИРАШЕ

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека преговорите за завршување на војната на Русија во Украина се фокусирани на безбедносни гаранции за Украина и на територија што Русија сака да ја контролира – вклучувајќи украинска територија што воопшто не ја окупира, додека САД се обидуваат да посредуваат во мировен договор меѓу двете земји, објави Блумберг.

„Навистина има 2 големи прашања кои сè уште висат во воздухот и некако тоа е многу едноставно, а на некој начин многу сложено. Првин, Украина сака да знае дека Русија повторно нема да ја нападне. Сака да знае дека ќе има територијален интегритет и во иднина. Русите сакаат одредени делови од територијата, најголем дел од кои веќе ги окупирале, но некои сè уште не“, изјави Венс во интервју во средата за Лора Инграхам на „Фокс њуз“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Високи казни кои се движат и од 70 илјади евра, па се до 140 илјади евра се предвидени со Законот за контрола на индустриските емисии кој веќе е доставен пред пратениците во Собранието.

Многу македонски граѓани работат во странство, но обично двапати годишно доаѓаат во татковината. Најчесто се враќаат тука во лето и за Нова година и Божиќ. Иако поголем дел од годината се во странство, нивните врски со родната земја не се прекинати. 

Акционерското друштво „Рудници Бањани“ работи со загуби во првата половина од 2025 година. Според извештајот, акционерското друштво е во минус од 88 илјади евра, кога станува збор за сеопфатната загуба, а оперативната загуба, покажува минус од 89,5 илјади евра - со разлика од 1.500 евра.

Во последните десетина дена ако сте се возеле со некоја од скопските авто-такси компании сигурно сте забележале дека за истата дестинација ви наплаќаат за дури 30 отсто повеќе од вообичаено. Сепак, никаде нема официјална одлука за поскапување на такси-превозот бидејќи тарифникот се усогласува со одделот за сообраќај на Град Скопје, и се гласа на Советот на Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје