15 Декември, 2025
0.1974

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гинекологот Асани е осуден на три години затвор за случајот со родилката од Дебар

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2025 22:23

Добивај вести на Viber

МУХАМЕД АСАНИ ДОБИ ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР

Мухамед Асани, гинекологот кој на Јилдиз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој таа остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.

Другите двајца обвинети лекари, синот на лекарот, Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.

Веапоска ќе се жали бидејќи не е целосно задоволна. Настанот се случи пред неколку години во Општата болница во Струга. 

ПОПЛАВИ ИМА ВО РЕСЕНСКО

Поплавени се над 50 куќи, магацини и земјоделско земјиште во ресенско. 

Има излевање на Болска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени.

Центарот за управување со кризи(ЦУК) информира дека поплави има и кај селото Долна Бела Црква по излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој е 210 см.

Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини. Вкупно седум пумпи се користат за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.

УБИЈЦИТЕ НА ВАЊА И ПАНЧЕ ЌЕ СЕ ЖАЛАТ НА АПЕЛАЦИЈА

Убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе се жалат на Апелација за доживотниот затвор. 

Скоро шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст е доставен до бранителите на осудените лица. Одбраната најавува жалба до Апелациониот суд и ќе бара одржување јавна седница.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО СЕПТЕМВРИ БИЛА НАД 45.000 ДЕНАРИ

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2025 година, изнесува 45.466 денари, објави Државниот завод за статистика. 

- Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,3 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 проценти, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 12,6 отсто и Транспорт и складирање за 11,5 проценти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Организирањето роденден за деца во последните неколку години стана финансиско оптоварување за многу семејства. Она што некогаш беше едноставна прослава со торта, роднини и неколку другарчиња, денес прерасна во мини-настан кој по цена понекогаш се изедначува со свадба или приватна свеченост.

Опаѓа бројот на вработени во Агенцијата за филм, но се зголемил ангажманот на хонорарци, и тоа без одобрение од Министерството за финансии. Дел од хонорарците биле договорени на повисока плата од вработените, дел од нив извршувале работи кои треба да ги комплетираат вработени во институцијата.

Владата во текот на овој месец ја одобри одлуката за цената за услугата за вршење транспорт на нафтени деривати преку продуктоводот (нафтовод по старо) од Солун до Скопје на „Вардакс“, подружницата на Хеленик Петропеум, пред да започне повторно со работа по повеќе од 12 години.

Во Македонија, речиси секој втор возрасен човек има вишок килограми, а секој четврти е клинички дебел. Тоа не е само здравствен аларм – тоа е економска закана со огромни последици.

Во 2006 година, по малку и пророчки, разрешениот Александар Прчевски, ја даде легендарната изјава дека е „последната будала што се нафатила да го води јавното обвинителство“, алудирајќи дека оваа позиција постојано е напаѓана од политичките партии и дека републичкиот јавен обвинител се менува со секоја промена на партијата на власт. 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“