23 Ноември, 2024
0.0398

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска СДСМ и ДУИ изразија разочарување од сработеното на Владата во првите 100 дена

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА НА ВЛАДАТА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СЕ НАМАЛИЛА

Oд СДСМ велат дека во првите 100 дена просечната плата е намалена за 1.000 денари. 

Според нив, ова е резултат на погрешната економска политика на актуелната влада на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. 

„Владата не го исполни ниту ветувањето за минимална плата, покажувајќи дека не се грижи за работниците. Наставниците и воспитувачите добија зголемување од само 0,7 отсто наместо 12 отсто. Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство. Владата на Мицкоски не успеа да ги заштити граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини е поважен од интересот на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ДУИ НЕ САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА, НЕ БИЛЕ РЕЗЕРВНА ГУМА

Не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада, ние не сме резервна гума, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Ахмети рече дека Европскиот фронт е легитимен претставник на Албанците и помалите етнички заедници, додавајќи дека Вреди не победи на изборите.

„Ние сме легитимните претставници на Албанците, тие не победија на изборите“, рече Ахмети.

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ЧАИР

Специјално противпожарно армиско возило ќе го гаси големиот пожар во Чаир.

Пожарот што ноќеска избувна во зграда во скопски Чаир е сè уште активен. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека гасењето на пожарот е отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите на зградата во кои, како што додаваат оттаму, била складирана поголема количина запаливи материјали. 

НОВО ОБВИНЕНИЕ ЗА МЕРКО

Ново обвинение е поднесено против градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко. Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство Струга поднесен е Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

- Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа - објаснуваат од обвинителството. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најпознатата држава во Азија, а од неодамна и земјата со најбогата и најразвиена економија во светот е Кина. Оваа далечна земја има многу богата историја, позната по гостопримливоста на Кинезите, редот и дисциплината, а пред се‘ по чувањето на природата и нејзините богатства неодамна ја посети новинарката Анета Буховски, која е дел од тимот на „Фактор“.

Универзитет набавил службено возило за своите потребите, но за аналитичарите набавката е проблематична. Имено, проценката за набавка на возилото кое било детално опишано била 1.690.000 денари без ДДВ. На тендер се јавила само една компанија која понудила возило поевтино за 720 денари од проценетата вредност или за 1.689.280 денари. Но, ова „идеално“ совпаѓање е сомнително бидејќи проценетата вредност не била јавно објавена.

Има граѓани кои практикуваат да купуваат по три домати, по еден модар патлиџан, по половина килограм пиперки, по 300 грама сувомесни производи или грав и слично.

ТТК банка ќе бира нови членови на Надзорниот одбор. За 5 ноември е закажано Собрание на акционери, на кое ќе треба да се изберат новите позиции на ова значајно тело на банката.ТТК банка ќе бира нови членови на Надзорниот одбор. За 5 ноември е закажано Собрание на акционери, на кое ќе треба да се изберат новите позиции на ова значајно тело на банката.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание