СДСМ: Во првите 100 дена просечната плата е намалена за 1.000 денари
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2024
Oд СДСМ велат дека во првите 100 дена просечната плата е намалена за 1.000 денари.
Според нив, ова е резултат на погрешната економска политика на актуелната влада на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата не го исполни ниту ветувањето за минимална плата, покажувајќи дека не се грижи за работниците. Наставниците и воспитувачите добија зголемување од само 0,7 отсто наместо 12 отсто. Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство. Владата на Мицкоски не успеа да ги заштити граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини е поважен од интересот на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Новата Влада вчера даде отчет за 100 дена работа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.