ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Виктор Стојанов најави панихида во Скопје за Мара Бунева
Објавено во: Македонија, Македонија 09 Јануари, 2025
Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов има забрана за влез во државава, но повикува на 12 јануари да се оддржи собир и панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје. Настанот е планиран да почне во 12 часот, а собирот е на кејот на реката Вардар каде треба да се положат венци и цвеќиња.
Секоја година одбележувањето на годишнината од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева предизвикува контроверзии во македонско-бугарските односи. Се случувало на овие собири да има и физички пресметки.
Виктор Стојанов ги посетува и Македонците во Албанија. Тој постојано тврди дека таму има бугарско малцинство, а добар дел од населението на последниот попис се изјаснило како бугарско.
На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила. Таа е родена во Тетово.