СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КОСТАДИНОВ: Toa e непристоен предлог
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2025
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва коментирајќи ја изјавата на лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија, кажа дека тоа е непристоен предлог.
Вели дека намерата не е чесна и не се работи за почит, туку е обратно.
„Непристоен предлог е бидејќи во историјата имало моменти кога и такви предлози биле во оптег и се разбира дека тие не биле добредојдени. За да предлагате вие балкански федерации и слични модели треба да негувате и да манифестирате почит кон соседите, елементарна почит. Тоа значи да го признавате другиот, да ја признавате посебноста, да го третирате како рамноправен“, изјави претседателката во гостување на Алфа.
Изјавата на Костадинов ја осуди МНР, но и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова