ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонците од Израел ќе се евакуираат со „Ер Србија“
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2023
МАКЕДОНЦИТЕ СО ПОМОШ НА „ЕР СРБИЈА“ ЌЕ СЕ ЕВАКУИРААТ ОД ИЗРАЕЛ
Обезбеден е бесплатен авионски превоз за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје, соопштија од Владата.
Во согласност со одлуката која ја донесе Владата на Република Северна Македонија, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Северна Македонија.
ЈАНКУЛОСКА НАСКОРО ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР
Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по три години поминати во затворот Идризово наскоро ќе биде на слобода. Апелациониот суд Скопје на седница одржана на 4 месецов, ја прифати молбата за условен отпуст на Јанкулоска, со што се отвори патот таа на 1 ноември да го напушти најголемиот затвор во земјата. Условот е до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело.
„Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје. Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор“, соопшти Алепациониот суд.ДО КРАЈОТ НА 2023 ГОДИНА ОКОЛУ 510.000 ГРАЃАНИ ЌЕ ЖИВЕАТ ВО УМЕРЕНА СИРОМАШТИЈА
ГРОЗОМОРНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ИЗРАЕЛ
Израелските власти објавија вознемирувачки фотографии од изгорени бебиња. Тврдат дека милитантите од Хамас ги запалиле бебињата.
„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, соопштија од канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во објавата на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Фотографиите се крајно вознемирувачки и се наоѓаат на следниот линк.
Објавени се три фотографии на кои се гледаат две бебиња чии тела биле изгорени до непрепознатливост. На третата фотографија се гледа дека на телото има крв.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.