ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонскиот јазик и идентитет ќе ги избришат од извештајот за Македонија во ЕП
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2025 21:50
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ ЌЕ ГИ ИЗБРИШАТ ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕП
Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од извештајот за Македонија, потврдува бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.
Тој рече дека на барање на групата на Европската народна партија (ЕНП), трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕНП, Социјалдемократите (С&Д) и Обнови ја Европа (Либералите) – синоќа се согласиле да ги отстранат сите референци на „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија.СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ИМААТ ДВЕ БАРАЊА
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат финансиска помош од државата и снимање на судската постапка.
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.
КУЌА И ШУМА ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО КОЧАНИ
Во шумски пожар во Кочани денеска изгореа една куќа и петнаесетина хектари зимзелена и нискостеблеста шума.
Пожарот избувна околу 14 часот во населбата Трајанов Трло. Огнената стихија што почнала во близина на населбата зафатила една од куќите, која целосно е изгорена, а потоа ветерот неконтролирано го проширил огнот кон блиската шума.
На терен излегоа пожарникарите на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, при што во гаснењето на огнот беа ангажирани осум возила. Поддршка во интервенцијата даде и комуналното прептијатие „Водовод“, како и месното население.ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОБЈАСНИ ЗОШТО СЕ ЗАПИРА ПОСТАПКАТА ПРОТИВ ДИМИТРИЕВСКИ
Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлече обвинение против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, а денешното објаснување што го лиферуваше прес-службата за јавноста е тоа дека инвеститорите кои го пријавија, повеќе не трпеле штета.
Пет дена пред завршните зборови, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово се откажа од обвинението против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени за неиздавање дозвола за градба.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во јавниот долг, освен државниот, влегуваат и долговите на јавните претпријатија, акционерските друштва основани од државните органи, општините, институциите.Над 305 илјади евра ќе се одлеат од буџетот на Општина Аеродром за нови униформи за учениците во основните училишта. Тендерот го доби „Линк Медиа Плус“ – фирма чија дејност е „Услужни дејности за уредување и одржување на животната средина“, а досега речиси без исклучок ги добиваше тендерите за новогодишно украсување на Скопје но и други општини низ Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




