ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонските граѓани со Ер Србија од Израел пристигнаа во Скопје
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2023
МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ
Македонците кои се вратија денеска од Израел, велат дека таму воопшто не е лесно, дури ниту во местата каде немаше вооружени дејствија. Не знаат дали состојбата ќе ескалира.
Двете лица, брачен пар кои се „заглавени“ во Појасот Газа, тие не ги познаваат. Дел од Македонците кои стигнаа велат дека уште има наши граѓани во Израел, но се надеваат дека и тие ќе стигнат дома. Некои од патниците кои дадоа изјава за медиумите рекоа дека поради работа заминале во Израел. Но, имало и лица кои отишле туристички во Израел.
„Таму седевме седум месеци, како турист, многу убави спомени имам, ама се случи тоа што се случи. Не знам точна бројка, но многу луѓе дојдоа. Имаше и други од Куманово“, раскажа Марица Јаневска, од Куманово.ЗАСТАРЕ „МОЌНИК“
Застаре делото во случајот „Моќник“, така што пратеникот Антонио Милошоски ќе одговара само за измама, но не и за злоупотреба на службена положба.
Милошоски, неговиот татко и други лица се спасија од одговорност за злоупотреба на службената положба при продажба на објект во сопственост на општина Македонски Брод, откако поради измените на Кривичниот законик застаре предметот „Моќник“.
„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа закажана за 09.11.2023 година“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.ЛУЃЕТО ЈА НАПУШТААТ ГАЗА
По наредбата на израелската армија денеска има масовен егзодус од северна Газа.
Израелската армија им нареди на жителите да се евакуираат во јужниот дел од енклавата, во наредбата без преседан пред очекуваната копнена офанзива против владејачката милитантна група Хамас.
Илјадници Палестинци, кои живеат на северот на територијата од 362 квадратни километри под контрола на Хамас, ја напуштаат со автомобили, мотори, камиони или пеш, пишуваат француските медиуми.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Откако се поскапе, поскапеа и кредитите, односно се кренаа и каматните стапки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.