ФАКТОР НА ДЕНОТ: Меѓувладина седница Македонија-Косово, потпишан протокол за граници, меморандуми за енергетика и образование
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024
ВЛАДИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ОДРЖАА СЕДНИЦА
Македонската и косовската влада одржаа заедничка меѓувладина седница во Приштина по која се потпишаа протоколи и меморандуми за соработка.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија и Министерството за економија на Република Косово, потпишаа Меморандум со кој се поставуваат темелите за интензивирање на билатералната соработка во енергетскиот сектор. На потпишувањето присуствуваа и премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Албин Курти.Премиерот Христијан Мицкоски го оправда вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ кој денеска не отиде со нив во Приштина во Косово.
Рече дека тој „горел од желба да биде во Приштина, но бидејќи ја поместиле владината седница, поради оправдани обврски, не е денеска дел од меѓувладината средба“. Мицкоски објасни дека првично меѓувладината седница била закажана за петок 15 ноември.OСТАНУВА СУСПЕНЗИЈАТА НА ХАЈРУЛАХИ
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на обвинителот Љупчо Коцевски за суспензија на обвинителот Мустафа Хајрулахи. Одлуката е донесена со седум гласа „за“ и еден „против“.
Членовите на Советот на јавни обвинители со одлука денеска го потврдија решението на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за суспензија на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи додека трае кривичната постапка протов него. Советот ја одби жалбата на Хајрулахи како неоснована.БАЈДЕН ПОТВРДИ ДЕКА УКРАИНА СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ МОЖЕ ДА ГАЃА ЦЕЛИ ДЛАБОКО ВО РУСИЈА
САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави американскиот претседател во заминување Џо Бајден кој денеска зборуваше на Самитот на Г20 во Бразил, за првпат откако ѝ даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во руска територија.
Вели дека сите друго треба да го сторат истото.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ја нема биогасната централа, ги нема ни високите приходи, а добивката се претвори во загуба.