15 Октомври, 2024
0.0424

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски во Брисел ќе ја пренесе фрустрацијата на граѓаните, Бугарите велат дека Македонија провоцира

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ ЌЕ ОДИ ВО БРИСЕЛ

Во Брисел ќе ја пренесам фрустрацијата на граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски. 

Пред утрешната средба со претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула Фон дер Лајен во Брисел, премиерот  вели дека целта на посетата е Планот за раст, а не разговори за деблокирање на европската интеграција. 

„Како што беше и во минатото кога бевме опозиција, така и сега како влада, сега дури имаме и повеќе аргументи, сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската Унија, повеќе од деценија и пол откако го добивме првиот позитивен извештај од страна на Европската Комисија за започнување на овие преговори, ние не сме во можност да почнеме.

БУГАРИТЕ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПРОВОЦИРА

Oд Министерството за надворешни работи(МНР) на Бугарија, велат дека партнерите се известени за провокациите.

Велат дека провокациите имаат за цел да го загрозат дијалогот.

„Во однос на повторните навредливи изјави кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери на Република Северна Македонија, ние категорично одбиваме да учествуваме во таков неевропски и несоодветен тон. Повторно нагласуваме дека развојот на добрососедските односи е клучен за европската иднина на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МНР.

Вицепремиерот Александар Николоски во синоќешното гостување во студиото на ТВ Алфа за Бугарија рече дека се покажала како „нецивилизиран домаќин“, откако на средбата помеѓу претседателите Румен радев и Гордана Сиљановска Давкова во Софија немаше македонско знаме,туку само бугарски.

ЛОГА РЕАГИРА ЗА БАЛАНСЕРОТ

Политичката елита го користеше Собранието за да ги мајоризира Албанците, сега ја префрлија оваа практика во Уставниот суд, вели потпретседателот на Алијанса за Албанците, Кренар Лога.

Вели дека сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодветно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите од матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и укинување на соодветните членови од законот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фармацевтската компанија „Реплек“ продолжува да биде интересна за инвеститорската јавност. За разлика од последниов период кога акции се купуваа на помали количини, деновиве повторно се случи значајна блок трансакција со акциите на тоа акционерско друштво. 

По примерот на претходните влади и премиерот Христијан Мицкоски ќе има свои надворешни советници, кои ќе бидат хонорарно платени за да соработуваат со претседателот на Владата.

Тоа што Васко Ковачевски и неговиот наследник во ЕСМ го криеја како змија нозете новиот менаџмент на државниот производител за струја го прекина. Сите податоци за набавка на струја се повторно јавни и транспарентни. Потег за почит!


Можеби ќе ве интересира

Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

ВОНРЕДНА КОНТРОЛА: АХВ затвори 13 игротеки

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

СЕМЕЈСТВОТО НА НАТАША КОЈА БЕШЕ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ГЕРМАНИЈА СО ТАГА СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Ви благодариме за сѐ, никогаш нема да ја заборавиме

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

БЕЗ ЈАСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИТЕ, И БЕЗ КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ: ревизорите со бројни забелешки за Министерство за култура

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

„VIVA LA CUCINA“ – КВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец

Затвореник пукал во Чаир, застрелал во нога припадник на групата Грчец