09 Јануари, 2025
0.0291

ВЛЕН НЕ ГИ „ОСТАВА НА МИРА“ ИНТЕГРАТИВЦИТЕ: „Ако се колнат во стратешкото партнерство со САД, да го исклучат Груби од партијата“

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Влен не ги остава „на мира“ во ДУИ, откако нивниот виден член и поранешен вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби беше ставен на црната листа на САД, а е во бегство и МВР го бара со меѓународна потерница. 

Како што е познато, Министерството за внатрешни работи на 17 декември распиша меѓународни потерници по Груби, откако Основното јавно обвинителство Скопје достави наредба до МВР за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница, а Основниот кривичен суд Скопје му одреди притвор од 30 дена.

Од Влен упатуваат јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. 

„Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата. Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Влен.

Натаму, како што додаваат, притисокот од јавноста е реален и легитимен – луѓето бараат дела, а не празни фрази. 

„Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан Груби.

ВЛЕН стои зад сите иницијативи кои ќе доведат до поголема отчетност и одговорност на политичките актери во земјата. Веруваме дека со итно и решително делување, ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека навистина стојат зад сопствените принципи за праведност, законитост и заштита на стратешките интереси на Албанците во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од Влен до јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kостадинов предлага обединување на Македонија со Бугарија, македонските политичари ја осудија изјавата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kостадинов предлага обединување на Македонија со Бугарија, македонските политичари ја осудија изјавата

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КОСТАДИНОВ: Toa e непристоен предлог

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КОСТАДИНОВ: Toa e непристоен предлог

КРАДЕЛЕ НАКИТ, ПАРИ, ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ: Тројца Македонци се уапсени во Хрватска

КРАДЕЛЕ НАКИТ, ПАРИ, ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ: Тројца Македонци се уапсени во Хрватска

АЛАРМАНТНО: Во Кичево и Битола воздухот е многу високо загаден

АЛАРМАНТНО: Во Кичево и Битола воздухот е многу високо загаден

(ВИДЕО) АХМЕТИ НЕ ЗАГУБИЛ НИТУ ЕДНА БИТКА: Членови на ДУИ споделуваат воено видео од лидерот

(ВИДЕО) АХМЕТИ НЕ ЗАГУБИЛ НИТУ ЕДНА БИТКА: Членови на ДУИ споделуваат воено видео од лидерот

ОШТЕТЕНА ВРАТА И ДВА ПРОЗОРЦИ: На Божик непознати сторители ја искршиле црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово

ОШТЕТЕНА ВРАТА И ДВА ПРОЗОРЦИ: На Божик непознати сторители ја искршиле црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово

ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Виктор Стојанов најави панихида во Скопје за Мара Бунева

ИМА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Виктор Стојанов најави панихида во Скопје за Мара Бунева

МНР ЗА ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Oчекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме

МНР ЗА ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Oчекуваме од официјална Софија да биде отфрлена како непримерна на духот и времето во кое живееме

СДСМ ПРЕДЛОЖИ МЕРКИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болните

СДСМ ПРЕДЛОЖИ МЕРКИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Работодавачите да ги ослободат од обврски бремените жени, постари лица и хронично болните