Дрин Ахмети половина година е во САД додека е под истрага
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2025
Дрин Ахмети, младиот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, половина година е во САД додека е под истрага од Обвинителството за сомнително стекнување на удел во бизнис центарот „Соравиа“, но и за јавни набавки.
Ахмети до 3 јануари на Инстаграм споделувал фотографии од Њујорк заендо со неговиот брат Бесијан Ахмети додека е на гости во САД кај неговиот татко. Според сознанијата на ТВ Телма, Ахмети е во САД од крајот на јули минатата година.
Од Обвинителството нема одговор дали во меѓувреме е повикан на разговор, а единствено е познато дека на неговата фирма Тхор Индустрис, како и на Соравиа Инвест, им се блокирани сметките.
Дрин лани објави дека „Тор индустрис“ е во процес на преземање од компанијата „Тексас американ интернешнл холдингс“ на бизнисменот Ник Назар Мехмеди од САД.