19 Декември, 2025
0.0498

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерот Азир Алиу назначи нови директори на четири клиники

Објавено во: Македонија 08 Август, 2025 22:26

Добивај вести на Viber

НОВИ ДИРЕКТОРИ ИМА НА ЧЕТИРИ КЛИНИКИ

Министерот за здравство Азир Алиу назначи нови в. д. директори во четири клиники на скопскиот Клинички центар, кои се на функција од вчера.

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за токсикологија за в. д. директор е именуван д-р Арѓенд Имери, на местото на д-р Андон Чибишев,  а на Институтот за клиничка биохемија за в. д. директорка е именувана д-р Мимоза Бафќари-Бакији на местото на д-р Николина Граздановска.

За директорка на Клиниката за кардиологија е именувана д-р Даница Петкоска-Спирова, на местото на д-р Беким Поцеста.

На местото на Фатмир Меџити, за директор на Клиниката за неврологија е назначен д-р Игор Кузмановски.

ШТИПЈАНЕЦ ЈА УБИ СВОЈАТА МАЈКА

С.З.(54), некогашен познат угостител, а сега регистриран алкохоличар-зависник, си ја убил својата мајка со убоди со нож во раните утрински часови во Штип, пренесува локалната телевизија „Стар“. 

Освен алкохолот С.З. за порок ја имал и коцката поради што постојано од најблиските барал и инсистирал на пари. Предходно, пред да западне во алкохолна криза, С.З. беше познат угостител во Штип, пренсува телевизијата.

СЕ НАВРШИЈА 24 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ НА КАРПАЛАК

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. 

Повеќе делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа 10-те прилепски бранители, кога беше нападнат армискиот конвој.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бројот на пензинери на крајот од минатата година достигнал 340 илјади, а државата дала 180 милиони евра повеќе од буџетот во текот на 2024 за нивните пензии, ообјавенo е во завршната сметка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Државната „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, сопственик на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е правно неактивна - Ваквиот статус е запишан во Централниот регистар, а фирмата нема поднесено ниту завршна сметка за минатата година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот