19 Декември, 2025
0.0600

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 21:52

Добивај вести на Viber

НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА ЗАВРШИ ВО ЕФЕКТИВЕН ПРИТВОР

Сулејман Љамалари - Командант Барути кој ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Ова доаѓа откако обвинителството поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, па затоа донесе решение дека жалбата е основана и мерката куќен притвор му ја замени со мерка притвор.

„Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка“, стои во одлуката на кривичниот суд.

АРСОВСКА МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА НА ГАНИУ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук го објави барањето за итно постапување за сторени кривични дејствија и обезбедување на докази за истите. Во објавените документи се наведени кривичните дела кои, според градоначалничката, ги сториле градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и вработени во Општината.

„Шеф не ни успеа тоа дека тепала командант, да им побараме услуга на Бугарите за дефокус? Стари ви се форите со Бугарија, се обиде и Заев со нив, не му успеа, тогаш патриотите ме бранеа бидејќи е лага. Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Висар Ганиу? Не смеете да му писнете патриоти! Читај Македонијо!“, напиша Арсовска.

ИЗРЕЧЕНА Е КАЗНА ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА КУЧЕТО ФЕЛИКС

Љубе Крстевски првостепено е осуден на три месеци затвор за убиство на кучето познато во овој случај како Феликс кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди

Ова е прва пресуда со казна затвор за убиство на куче во Македонија. Вториот обвинет Бранко Билбиловски доби парична казна од сто дневни глоби, со вредност од 10 евра по глоба, во вкупен износ од 1.000 евра.

ИМАЛО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА СЕЗОНСКИ ПОЖАРНИКАРИ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција рече дека нема податоци за бројот, но дека интересот е голем за пријавување на повикот за сезонско вработување на 400 пожарникари во 13 општини за плата од 24.000 денари.

Ангелов потсети дека огласот истекува во четврток и дека пријавувањето е во локалните општински центри на Агенцијата за вработување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ЕСМ минатата година има трошоци од 6,5 милиони евра само за исплатени камати на основните рати од кредитите добиени од домашните и меѓународните банки, објавено е во независниот ревизорски извештај направен за работењето на државното електростопанство за 2024.

До почетокот на официјалната кампања за следните локални избори има уште некој месец, и со оглед на актуелните рејтинзи на партиите исходот од многу битки во општините се чини дека се веќе познати, но во неколку општини веќе започна жешкото политичко лето, а кандидатите кои се лиферуваат во јавноста сигурно нема да имаат време за коктели на плажа.

„Атеа Фемили“ го доби тендерот од над 163 илјади евра, да гради улици, тротоари и патеки во Општина Делчево. Фирмата, која има само петмина вработени, ќе треба да почне со изградба во рок од 20 дена по нарачката од Општината, и да заврши во рок од 60 дена, ако се работи за изградба на улици, не поголеми од 200 метри.

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти