15 Јануари, 2025
0.0247

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Непознати лица ја искршиле спомен - плочата на Карпалак, Тошковски најави дека сторителите ќе бидат санкционирани

Објавено во: Македонија 09 Август, 2024

Добивај вести на Viber

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА СКРШИЛЕ СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА КАРПАЛАК

Повторно имало вандализам кај Карпалак, каде е искршена спомен-плочата на загинатите бранители. 

Спомен-плочата посветена на десетте македонски бранители загинати во заседата кај Карпалак во 2001 година, повторно е искршена. 

Непознати сторители ја скршиле плочата и ги растуриле венците положени вчера, на 23-годишнината од трагичниот настан.

Нема да биде истолерирано, ова е директен напад, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за уништувањето на плочата поставена во чест на бранителите кај Карпалак. Вети дека полицијата ќе ги казни сторителите. 

УАПСЕНИ ЛИЦА КОИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР

Скопјани се уапсени поради сомнежи дека предизвикале пожар. 

Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, денеска околу 13 часот на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, ги уапсиле С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар. На фотографиите кои ги објави министерот за внатрешни Панче Тошковски, се гледаат туби со гориво. 

„ВРЕДИ“ СЕ ОТКАЖА ОД РОКОТ ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ПДМНЕ, се откажува од шестмесечниот рок за уставни измени што го зададе постизборно пред своите симпатизери. Рокот е прологиран на неодредени време, наводно поради политичката ситуација во Бугарија.

Портпаролот на оваа коалиција - Фари Хисени, денеска како одговор на новинарско прашање, рече дека тоа не е можно во наредниот период бидејќи во Бугарија не може да се избере стабилна влада.

ЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Младите домаќинки често се жалат дека немаат време за готвење поради работните обврски. За да ги задоволат потребите на семејството, многу наши граѓани освен основната работа имаат и плус хонорарни ангажмани за да заработат повеќе. Но, постарите го тврдат спротивното за своите кулинарски навики. Тие велат дека практикуваат да готват, затоа што овој начин на исхрана го сметаат за поздрав, но и поевтин.

Пропадна повеќегодишниот оглас за секундарна гасификација на Македонија,откако владата во „Службен весник“ објави дека ниту една од понудите на заинтересираните изведувачи не била прифатлива.

Од редовното работење со хотелите и рестораните за половина година „Македонијатурист“ приходуваше 2,3 милиони евра и заради повисоките трошоци е во оперативна загуба. Но од своите заштеди и вложувања во акции и удели за истиот период има финансиски прилив од 1,12 милиони евра

По „црните“ понеделник и вторник, кои главно беа поврзани со случувањата на светските берзи, вчера и денеска акцијата на Комерцијална банка се враќа во игра.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори