17 Декември, 2025
0.0643

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме ги зафати Виница, Прилеп, Кривогаштани, а најкритично е во Лажани

Објавено во: Македонија 22 Август, 2022 21:15

Добивај вести на Viber

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп, Долнени и Кривогаштани попладнево имаше невреме. 

Поплавени се Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во селото Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.

„За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош“, велат од ЦУК.

Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Претходно, во Виница беа поплавени над 30 објекти. 

МИЈАЛКОВ СЕ ПРИЈАВИ ВО ЗАТВОР

Eкс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, во согласност со судската покана за издржување на затворската казна, денеска по 14 часот се пријавил во струшкиот затвор, објави Телма, повикувајќи се на свои информации .„А1он“ објави дека тој во затворот дошол сам, без обезбедување, носејќи куфер.

Мијалков направи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“ и треба да одлежи три години затвор. Тој, откако се спогоди, ја смени адресата на живеење во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Ова наиде на критики во јавноста.

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ЗАКАНИ УПАТЕНИ КОН МИТКО ЈАНЧЕВ

Едно лице е осомничено за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци. Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 од Кривичниoт законик.

Лицето, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатил закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци дека „нема да умре од болест или старост“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фактор од свои извори во здравствениот сектор дознава дека досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата. 

Откако Фактор го објави текстот во кој пишувавме дека штипската компанија „Макпромет“, во својот Биланс на успех прикажува нереално висок раст кај трошоците за плати во првото полугодие од годинава во однос на истиот период лани, оваа фирма ги корегираше податоците, а тоа го објави и преку Македонската берза. 

Но, корекцијата не е кај високиот трошок за платите на вработените за првото полугодие од годинава, кој патем, изнесува близу 572 илјади евра, туку направена е корекција во висината на трошокот за плати за првите шест месеци од минатата година, каде сега е прикажано дека тој наводно изнесувал 31,8 милиони денари, односно 517 илјади евра, наместо 27 илјади евра како што пишуваше во претходно објавениот биланс на успех.

Конкурентноста на економијата секогаш и секаде се мери преку квантитетот и структурата на извозот. И секоја доктрина на економските власти како свој главен приоритет ги има поддршката и зајакнувањето на извозот и стимулации на извозно ориентираните компании.

Уште многу треба да се работи за младите да се почувствуваат пожелни во македонското општество, особено во политиката и креирањето мерки за подобрување на нивниот живот. Иако власта донесе повеќе закони и проекти за младинско учество, учење преку пракса, како и младински додаток, повеќето од нив се подготвени при првата можност да ја напуштат Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина