01 Ноември, 2024
0.0865

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oд Грција ќе набавуваме јаглен и мазут, а Џафери jа отфрли иницијативата за референдум

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

ОД ГРЦИЈА ЌЕ НАБАВУВАМЕ ЈАГЛЕН И МАЗУТ

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со шефот на грчката влада Киријакос Мицотакис во Атина пре дмедиумите рече дека на состанокот е договорено Грција да обезбеди непречен извоз на мазут и јаглен како суровини за производство на електрична енергија во Македонија.

- Снабдувањето со јаглен ќе се одвива непречено во четвртиот квартал од 2022 и првиот квартал од 2023 во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ќе има непречено снабдување со мазут преку Грција, за непречено да функционира ТЕЦ Неготино. Веќе се јавуваат недостатоци на енергенси во европа, па треба да обезбедиме непречено снабдување со овие суровини и да нема нивно ограничување при увозот, рече Ковачевски.

ЏАФЕРИ ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ

Собранискиот спикер Талат Џафери, ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за поништување на договорот со Бугарија.

Џафери во одговорот до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наведува дека иницијативата за референдум не е во согласност со Уставот во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.

Пред четири дена ВМРО - ДПМНЕ ја достави иницијативата. 

НОВИ ОСТАВКИ ОД ДИРЕКТОРИ КОИ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ СО АРСОВСКА

Директорите на комуналните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ масовно ја напуштаат скопската градоначалничка Данела Арсовска. Откако вчера отказ доби директорот на Водовод и канализација, Златко перински, денеска се огласи Бојан Христовски. Тој на социјалните мрежи напиша дека по 8 месеци ја напушта челната позиција на ЈП Градски паркинг - Скопје.

„Денеска навршуваат точно 8 месеци од моето именување за вд директор во ЈП Градски паркинг Скопје. На 13 јануари, оваа година беше мојот прв работен ден во ова претпријатие, а денес е мојот последен ден на оваа позиција.

Директорот на депонија Дрисла, Јане Мицевски си заминува исто така од позицијата.

ОСМАНИ ПОТВРДИ ДЕКА СОПРУГАТА НА КОСТОВСКИ Е ВРАБОТЕНА ВО МНР

Министерот за надворешни работи Бујар османи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 потврди дека во МНР е вработена сопругата на пратеникот Мартин Костовски како кадар кој доаѓа од администрацијата на Општина Куманово.

- Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече Османи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Факти наспроти бројни контроверзи и шпекулациии. Повеќе од 30 години успешна работа, изграден холдинг што контролира или учествува во управувањето на повеќе од 15 компании и ангажира повеќе од 2.500 вработени. 

Пиксел Гроуп, компанијата чиј поранешен сопственик е актуелниот премиер Димитар Ковачевски, ќе гради фабрика за производство на соларни панели за фотоволтаични централи во индустриската зона во Тетово.

Компанијата од нафтениот бизнис „Пуцко петрол“ регистрира подружница во Кисела Вода, која ќе работи во форма на складиште на големо, наменето за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.

Само љубовта кон професијата не е доволна, туку мора да се мисли и за можностите за вработување по дипломирањето. Ова е ставот на повеќето луѓето кои дипломирале македонски јазик и книжевност.

Поразителни податоци на високообразовните институции по првиот уписен рок за додипломски студии. Квотите нема да се пополнат ниту со претстојниот втор уписен рок на 15 и 16 септември, ниту пак на третиот кој е кон крајот на месецов.

Можеби ќе ве интересира

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?