ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пет милијарди денари изнесува долгот на јавните здравствени установи

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2024 21:30
ДОЛЖНИЧКА КРИЗА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ
Сериозна должничка криза има во здравствениот сектор.
Алармантни 5 милијарди денари е долгот на јавните здравствени установи. Не плаќале редовно сметки кон добавувачи за лекови, а од друга страна, медицински и економски директори си ги зголемувале платите со додадени дежурства. Овие податоци ги објави менаџментот на Фондот за здравствено осигурување. Најголеми должници се Онкологија, Торакална и Гинекологија.ПОЖАРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА
Голем пожар има кај Катланово, возете внимателно по автопатот Скопје-Велес – викендиците ќе бидат одбранети, велат од Центарот за управување со кризи(ЦУК).
Од ЦУК нè информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.БИТИЌИ ПОТСЕТУВА КОЈ ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ СО ГЕРМАНСКАТА БМЗ
И поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи денеска со објава за новата инвестиција тешка 65 милиони евра.
Со картка објава и потсетување на потпишувањето на договорот со германската компанија за инвестирање во нов објект каде би требало да се вработат 700 луѓе Битиќи ги потсети и следбениците на Фејсбук, но и сега веќе актуелните носители на функции, дека тој го потпиша договорот со германската компанија, која пред два дена помпезно ја најавуваше премиерот Христијан Мицкоски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Еден од најголемите приватни универзитети „Американ Колеџ“ ја купи соседната зграда до своето седиште на „Трета Македонска Бригада“, булеварот што се наоѓа помеѓу Кисела Вода и Аеродром во Скопје.Бројот на невработени граѓани кои бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување на Македонија бележи континуиран пад. Неколку месеци по ред има намалувања на невработените лица, а истата тенденција е забележана и во јули. Со последното намалување на невработените бројот на лица кои се пријавиле за невработени се спуштил под 100 илјади.
Луѓето кои прават ајвар по нарачка велат дека оваа сезона, зимницата ќе чини поскапо. Голема тегла ајвар нема да биде под 350 денари.
Можеби ќе ве интересира
„СИЛАТА ВО СДСМ СЕ ВРАЌА“: Филипче вели не отстапуваат од борбата да ја вратат државата на вистинскиот пат

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ГЛУМИ ИНСПЕКТОР НА АХВ“: Агенцијата за храна вели Крстевски не е овластен и не смее да врши контрола кај операторите за храна

ЗОШТО АЦЕВСКИ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЃОРЧЕ? Објави видео во кое објаснува сѐ

„ДАЛИ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НА МВР КОИ БЕА ТАМУ НЕ ГИ ПУШТАА ДЕЦАТА ДА ИЗЛЕЗАТ?“: „Марш на ангелите“ во Кочани, родителите бараат средба со ОЈО ГОК

ИМА ДОСТРЕЛ ДО 17 КИЛОМЕТРИ: „БОРАН“ пристигна во Македонија

МАЈК ЗАФИРОВСКИ ПРЕДВОДЕШЕ АМЕРИКАНЦИ КОИ СЕ НА АЏИЛАК ВО ЗЕМЈАВА: Беа на средба кај Силјановска Давкова

ЗНАМ ПРАВИ ПРЕДИЗБОРИ ПРЕСМЕТКИ: Онаму каде што тие ќе имаат кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и нема да има свој кандидат

НАША ТЕМА: Тастатура херои и дигитални тролови - Кои се навистина луѓето што коментираат со отров на социјалните мрежи?

ЈАНЕВСКА ЌЕ ВОВЕДУВА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ: Ќе го дополни човечкиот фактор во образовниот процес
