18 Декември, 2025
0.0629

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По три години затвор за тројцата скопјани кои создадоа дива депонија на „Вардариште“

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 22:29

Добивај вести на Viber

ПО ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА ЗА „ВАРДАРИШТЕ“

Тројцата скопјани кои беа обвинети дека создале дива депонија на скопската депонија „Вардариште“ се осудени на по 3 години затвор, информираа од Кривичниот суд.

Сите тројца се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите со кое предизвикале опасност по здравјето на луѓето, како и загадување на земјата и воздухот, со тоа што откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Закон за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност.

СОПСТВЕНИЧКИ НА ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА ЗАВРШИЈА ВО ПРИТВОР

Две сопственички на приватни установи за сместување на стари лица добија кривична пријава за злоупотреби и малтретирање од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за две жителки на главниот град, кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и малтретирање. Воедно се огласија и од Јавното обвинителство од каде пак посочија дека спроведуваат истрага за двете жени за злоупотреба на службена положба и за малтретирање во службата, за кои е побаран и одобрен притвор. 

- Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.

ПОЛИЦИЈАТА ЈА УАПСИ СОПРУГАТА НА ДОКТОРОТ КОЈ БЕШЕ РАНЕТ ВО КУМАНОВО

Сопругата на лекарот и носител на советничка листа на ДУИ, Зеќирија Шахини, кој вчера беше ранет со пиштол во центарот на Куманово, е уапсена, соопшти денеска полицијата.  За тетовчанката А.А. има сомневања дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг.

Маскиран човек со пиштол се доближи до неговиот автомобил и пукаше, ранувајќи го во ногата.

„На 07 октомври 2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес“, велат од полицијата.

ПОЧИНА ПАНЧО МИНОВ

Почина Панчо Минов, поранешниот пратеник и градоначалник на Кавадарци, како и искусен политичар кој беше дел од издејствувањето на независност на земјата.

Тој беше пратеник уште во првиот состав, од страна на Либерална партија, во период од 1990 до 1998 година, од страна на ГРОМ во пратеничкиот состав 2016-2020 и од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024. Беше и поранешен градоначалник на Општина Кавадарци во два мандата, од 2000 до 2005 година, од страна на Либерална партија, и од 2005 до 2009 како независен.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од македонските компании кои превезуваат патници до европските земји каде многу наши граѓани се иселени, велат дека најблиските им испраќаат секакви пратки, од зимници, до облека, документи или некој поспецифичен подарок.

Регулаторната комисија за енергетика минатата недела ја издаде првата лиценца за складирање на електрична енергија од обновливи извори во батериски системи. Прва компанија која се стекна со оваа дозвола е Солар Енерго Систем, која е поседувана од неколку сопственици.

Изборната кампања е во полн ек, а се чини дека една од најголемите битки е за Чаир, токму помеѓу поранешните сопартијци Изет Меџити од Влен и Бујар Османи од ДУИ. 

На 19 март и 16 април, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде има Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања соопшти дека е почната истрага за полициски службеници, а поврзано со пожарот во Кочани.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје