25 Јануари, 2025
0.0442

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

РАЗБИЕНА Е ТЕРОРИСТИЧКА ЌЕЛИЈА

Вчера било жестоко во Скопје и во Гостивар, се треселе станови и куќи и други простории, а пронајдени се автоматска пушка, пиштол, телефони, комјутери и слично. Но, она што е најбитно е дека откриените осомничени четири лица всушност спроведувале пропаганда и регрутирале членови на терористичката организација ИСИС.

„Во рамките на континуираните активности што почнаа во декември минатата година, а поврзани со превенција и сузбивање на заканите од тероризам, во текот на вчерашниот ден под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведена е координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции при МВР. На пет локации во Скопје и Гостивар извршени се претреси на дом и други простории при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења, а од слобода се лишени четири лица.

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО Е ОСТАВЕН НА СЕРВИС И ОД НЕГО ВАДЕЛЕ ДЕЛОВИ

Во многу лоша состојба во сервис е пронајден џип БМВ во сопственост на Министерството за односи меѓу заедниците. 

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска изјави дека се откриени нови злоупотреби со имотот на Министерството. Тој посочи дека возило џип БМВ вредно 60.000 евра е пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка, каде од него се вадени делови и истите се користени за потребите на сервисот. 

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА МЕРКО

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две за директори на училишта и за набавката на „аудито“.

Првото рочиште денеска се однесува за незаконско поставување на директори на училишта, и се наоѓа во доказна постапка, продолжува со сослушување на екс министерот за образование од ДУИ, Јетон Шаќири.

Шаќири, заедно со раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски, требаше да биде сослушан на претходното рочиште во октомври минатата година, но тоа не се одржа поради немање уредна достава до сведоците.

ХРВАТИТЕ ГИ БОЈКОТИРАА ТРГОВЦИТЕ

Има драстично намалување на прометот во Хрватска, односно успешен е бојкотот на граѓаните. 

Националниот бојкот на потрошувачите во Хрватска, организиран во знак на протест поради зголемените малопродажни цени, значително ја наруши економијата на земјата. Новообјавените податоци од Даночната управа покажуваат дека протестот влијае врз продажбата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Субвенционираниот студентски оброк е повторно во фокусот на јавноста, откако беше предложено зголемување од 140 на 160 денари дневно. Оваа иницијатива, која има за цел да им помогне на студентите да ги покријат дел од своите трошоци за исхрана, отвори широки дискусии и јавна дебата за тоа што е поважно: повисок износ или поголем опфат на субвенцијата?

Бугарија влезе во Шенген зоната на 1 јануари 2025 година, се укинаа граничните контроли меѓу Бугарија и Грција, а со тоа дел од српските туристи ќе ја заобиколат Македонија на пат кон Грција. Направена е анкета која покажа дека дел од Србите уште се мислат дали ќе патуваат преку Македонија или преку Бугарија за да стигнат до грчките плажи.

Познато е кој ќе биде нов член на Надзорен одбор на Централна кооперативна банка, а тој веќе доби за таа функција и претходна согласност од монетарната власт во земјава. 

Корпорација Јагео ќе ја купува американската Кемет. Дали е ова новина или не, но за ова македонската јавност деновиве е известена преку нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, која извести за оваа можна зделка, од причина што и двете се поврзани со земјава и со направени или планирани инвестиции на наша територија.

Најновите податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека последниот месец од минатата година сме ја завршиле со најмал број на невработени граѓани во последниве години. Имено на бројот на невработени се намалил на само 96.828 лица, и уште 44.118 други лица кои бараат работа.

Можеби ќе ве интересира

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел