25 Јануари, 2025
0.0404

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во Основниот суд во Струга денеска почна расправата во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда. Претходно, Судот ја одложи расправата за набавката на луксузен автомобил „Ауди“, која почнува од почеток поради промената на судечкиот судија.

Како градоначалник на Општина Струга, Мерко во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. На предлог на Обвинителството одземен му е пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во Судот.

Мерко за ова дело пред Судот се изјасни дека не се чуствува виновен.

Со поставувањето на спомен плочата на општинската зграда, според поранешниот советник во Советот на Општина Струга, а сега заменик министер за правда Ален Деребан, се задира во Уставниот поредок на државата. Тој забележа дека плочата предизвикала етнички раздор и нетрпеливост кај населението, поради, како што рече, содржината, која го слави периодот кога Струга била под фашистичка окупација, но и оти е поставена без одлука на Советот.

- Поставувањето на плочата предизвика етнички раздор и нетрпеливост во Оштина Струга, затоа што со содржината се слави периодот кога Струга и западниот дел од Македонија бил под фашистичка окупација од Италија. Очекувам дека Судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда, со која што во иднина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи и спомен обележја од контровезни личности од историјата со кои се задира во Уставниот поредок на Република Македонија - изјави Деребан по давањето исказ.

За поставената плоча на Општинската зграда во Струга, пред десеттина дена Комисијата за заштита од дискиминација утврди дека Мерко со своите постапки предизвикал продолжено вознемирување кај жителите на општината.

Судскиот процес ќе продолжи на 5 март со сослушување на сведоците.

Во Основниот суд во Струга денеска се одржаа и две одвоени рочишта против Мерко за незаконско поставување директори во четири основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет споени се обвиненијата за училиштата во Лабуништа, Радолишта Подгорци и „Браќа Миладиновци“ во Струга, додека за училиштето во Велешта се води одвоен предмет каде четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување.

За овие предмети сведочеше поранешниот министер за образование и наука Јетон Шакири, кој кажа дека во времето кога тој бил министер до него не бил доставен предмет за одземање ингеренции, нигу стигнале извештаи од инспекторат.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено девет обвиненија за несовесно работење во службата.

Фото: МИА/Архива

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел