ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025
Основното јавно обвинителство Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот шестоодделенец во основното училиште „Гоце Делчев“, кој во поладневната смена во понеделникот, од досега непознати причини паднал од прозорецот од највисокиот, трет кат, на училишната зграда и се здобил со тешки телесни повреди, скршеници на стапалата на нозете и на прешлени.
Извештајот се правеше на барањето на Обвинителството со искази од медицински лица, од вработени на училиштето и од видео снимки за немилиот настан.
- Го добивме полицискиот извештај. Ќе ги разгледаме исказите, видео материјалот од камерите и, ако треба, ќе побараме искази од други лица кои не ги испитала комисијата за да констатираме што се случило. Случајот е класифициран како несреќен - ни изјави в.д основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиеска.
Немилиот настан се случи во понеделникот, на 20 јануари, во поладневната смена на првиот училишен ден во второто полугодие во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, поконкретно во 14:35 часот, за време на големиот одмор. Веднаш била повикана службата за Итна помош.
Лекарите констатирале дека ученикот бил во полусвесна состојба пред училишната зграда. Тој бил префрлен на Одделот за анестезија каде, првично биле констатирани скршеници на стапалото и сомнеж за скршеници на прешлените, а потоа пренесен на Детска хирургија во Скопје.
- Во училницата, на највисокиот кат, биле дежурниот ученик и 11-годишникот од шесто одделение. Дежурниот наставник поминал, го прашал шестоодделенецот зошто не излегол на големиот одмор и добил одговор дека му студи, има јадење и ќе остане во училницата. Кога заминал, а дежурниот ученик излегол да си земе храна, во тие неколку минути се случил немилиот настан - објасни директорката на училиштето Снежана Котева.
Ученикот се лекува на Детска хирургија во Скопје по скршениците на стапалата и на прешлените.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

ЌЕ СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ДА СЕ ЗАВРШИ АВТОПАТОТ ДО ОХРИД - надлежните најавуваат дека до крајот на следната година ќе биде комплетиран

„ДА БЕ, ЛЕПЕНКА МИ Е ДО ВИЛАТА НА ЗАЕВ, ТАМУ КАДЕ ШТО...“ - Апасиев жестоко возвраќа на наводите дека купува имот во Неа Флогита

„ЕВЕ ПО КОЈА МЕТОДОЛОГИЈА РАБОТЕШЕ СЈО И ОЈО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА ЛАЖНИ СВЕДОЧЕЊА“: Груевски ја открива „шемата“

ЦЕЛА ГОДИНА АПАРАТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА НЕ РАБОТИ: Пациентите мора да патуваат во другите градови
СКЛУЧИЛ ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА - нова пријава против Перпарим Бајрами, еве за што го гонат

ДУИ СЕ НАЛУТИ: Имало етничко исклучување во тајните служби

ПРЕМИЕРОТ СЕ ПОФАЛИ – ДОБИВМЕ ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛОН ЕВРА: Прочистувачи на воздух од германска компанија
