МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025
Спиев во хотел со 3 ѕвезди, изјави премиерот Христијан Мицкоски за посетата на САД.
Мицкоски ги негираше обвинувањата дека се луксузирал при патувањето во САД. Вели дека спиел во хотел со 3 ѕвезди, а за хотелот којшто го прикажувале од опозицијата бил хотел каде што имал средба организирана со бизнисменот Крис Павловски. На средбата, според премиерот, се разговарало за можностите за најевтин и најдобар начин за дигитализација на Македонија.
Дел од јавноста обвини дека Мицкоски престојувал во најлуксузниот хотел во Вашингтон, каде наводно ноќевањето во апартманот од 84 квадрати чини 1.564 долари плус 250 долари такса.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски