25 Јануари, 2025
0.0288

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во пресметката меѓу Хрватска и Србија, од Србија е протерана и македонска државјанка, a Mинистерството за надворешни работи(МНР) бара објаснување од српските власти. 

Пред два дена Србија протера петмина хрватски државјани, а во групата протерани од Србија е и Искра Росо, македонска државјанка, извршна директорка на здружението на граѓани Солем. Таа учествуваше на едукацијата на Ерсте фондацијата во Белград, а хрватските државјани присутни на оваа едукација, заедно со други учесници, беа протерани од Србија.

Министерството за надворешни работи изрази загриженост поради одлуката на властите во Република Србија да протераат македонски државјанин и да забранат влез во земјата во период од една година. За српските надлежни органи, лицето претставува „безбедносна закана“.

Во официјалната реакција, Министерството најави дека ќе побара објаснување за оправданоста на преземените мерки.

„Очекуваме дека преземените активности се во согласност со законските рамки на Република Србија, како и со европските и меѓународни стандарди за човекови права“, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството исто така ја нагласи важноста од решавање на ваквите случаи преку дијалог.

„Искрено очекуваме овој случај да биде разрешен на соодветен начин, со добра волја од двете страни. Ова е од особено значење за задржување на пријателските и добрососедски односи помеѓу Македонија и Србија“, изјавија од Министерството за надворешни работи.

Загреб веќе испрати протестна нота до Белград и им препорача на своите граѓани да ги одложат патувањата во Србија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата уапси лица кои планирале да вршат напади

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел