15 Јануари, 2025
0.0371

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележуваат 23 години од Рамковниот договор, имаше две паралелни прослави

Објавено во: Македонија 13 Август, 2024

Добивај вести на Viber

СЕ НАВРШИЈА 23 ГОДИНИ ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. 

Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти.

Според првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Србите, Бугарите и Грците ќе ги проголтаат Македонците ако не се во добри односи со Албанците.  Вели дека Македонија ќе оди напред само со добри односи меѓу Македонците и Албанците. 

Одвоеното прославување на Рамковниот договор од страна на ДУИ е партиска прослава, смета првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, коментирајќи ја „паралелната прослава“ на ДУИ за годишнината од Рамковниот договор што се одржува напладне денеска, пред закажаната свечена седница на Владата по овој повод.

МИЦКОСКИ ЈА КРИТИКУВАШЕ ДАНЕЛА АРСОВСКА

На наредната седница Владата ќе расправа за хигиената во главниот град, а премиерот Христијан Мицкоски рече дека сега Скопје на чело со Данела Арсовска личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО. Затоа, рече тој, се размислува на Арсовска да ѝ се одземат дел од ингеренциите.

„Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ“, кажа Мицкоски. 

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА КОНТРОЛИРА 74 НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО РУСИЈА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека украинската армија контролира 74 локалитети во областа Курск во Русија. 

Меѓутоа, Украина пред една недела ненадејно ги нападна пограничните области на Русија со својата војска, па десетици илјади цивили мораа да побегнат. Киев вчера за прв пат призна дека неговите војници се во Русија и дека држат околу 1.000 квадратни километри.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Хотели Метропол“ годинава ги зголеми за 25 отсто трошоците за своите вработени што е и логичен и очекуван потег со оглед на побарувачката за угостителски работници на јадранската ривиера. Во такви услови приходите на хотелите се зголемени за 15 отсто, трошоците пораснале само 6 отсто, а загубата во предсезона иако постои е за речиси 30 отсто помала од лани

Картите се на маса. Се дозна која е цената по која Комерцијална банка нуди да ги откупи сите акции на Стопанска банка Битола. 

Граѓаните на земјава се рангирани на второто место меѓу европските нации во овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, кој покажува колкав гнев или бес чувствува населението во секоја земја на дневна основа. Пред нас се само Турците, а она се забележува од мапата е дека дури и населението во Украина, каде трета година има војна е посмирено.

Можеби ќе ве интересира

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?

ЗА ВОДИЦИ СЕ ЈАДАТ ПИВТИИ: Кој ги готви, а кој си купува?