ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се завршуваат постапките за пренесување на телото на Душко Чифлиганец
Објавено во: Македонија 04 Август, 2025 22:27
МНР Е ВО КОМУНИКАЦИЈА СО СЕМЕЈСТВОТО ЗА ПРЕНОС НА ТЕЛОТО НА ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага e доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница. Вчера семејството ги информирало дека тој починал.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
РЕАКЦИИ ЗА СКАНДИРАЊАТА ВО КУМАНОВОСобранискиот претседател Африм Гаши го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово во саботата, кого неколкумина присутни во спортската сала во Куманово извикуваа навредливи зборови.
„Кога спортот, кој треба да биде мост на обединување, се претвора во сцена на омраза и поделби, сите треба да застанеме на момент и длабоко да размислиме за тоа што се случува со нашето општество. Со длабоко чувство на одговорност и голема загриженост, како претседател на Собранието, внимателно го следев јавниот одѕив и реакциите на надлежните институции кои веќе преземаат активности за да го адресираат инцидентот што се случи за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово. Свесен за чувствителноста на моментот и за важноста секој збор да биде внимателен и обединувачки, денес сакам да им се обратам на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на етничка, јазична или политичка припадност: Навредливите извици и говорот на омраза што се слушнаа таа вечер не го претставуваат духот на спортот, ниту духот на нашите граѓани, а пред сè не ги претставуваат вредностите врз кои е изграденa нашата држава. Општество што тежнее да биде дел од европското семејство мора да се гради врз основа на почит, достоинство и еднаквост за сите граѓани“, напиша Гаши на својот профил на Фејсбук.Премиерот Христијан Мицкоски го осуди скандирањето од трибините на мечот Македонија-Романија, но вели дека се работело за толку мала група на навивачи, што не го ни слушнал тоа.
ОЈО ГИ ПОВИКАЛО ИНВОЛВИРАНИТЕ НА РАЗГОВОР
Неспортското скандирање на натпреварот во Куманово e под истрага на обвинителството и полицијата. Неколку инволвирани лица биле повикани на информативен разговор, велат од јавното обвинителство. Оттаму за ТВ 24 велат дека идентификацијата трае.
„Издадена е наредба и за обезбедување на снимки од видео надзорот со цел да идентификација на евентуалните сторители“, велат од ОЈО.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




