16 Јануари, 2025
0.0304

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Тажен ден за Македонија, донесени се телата на 45-те загинати во автобуската несреќа во Бугарија

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

ДОНЕСЕНИ СЕ ТЕЛАТА НА ЗАГИНАТИТЕ 

Со државно-воена церемонија, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје беше организиран пречек на посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа на 23 ноември во Бугарија.

Посмртните останки на 45 наши загинати сограѓани, кои со авиони на бугарската армија пристигнаа на аеродромот во Скопје, беа пречекани од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, како и од други највисоки претставници на овие, и на други институции и верски организации.

На пречекот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа присуствуваа и членови на нивните семејства.

Дамир Османов, кој во автобуската несрeќата која се случи во Бугарија во ноември ги изгубил сопругата и ќерката, не ја крие болката која му ја предизвикала оваа голема трагедија. Неговата ќерка во Турција заминала со мајка и за да купи чеиз за свадбата што требало да се случи во април. 

ПОДНЕСЕНИ ЧЕТИРИ КАНДИДАТУРИ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ

Досега четворица кандидати се пријавија за претседател на СДСМ.

Во моментов кандидатура поднесува Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, откриваат извори од СДСМ. 

Инаку, рокот за поднесување на кандидатурите истекува денеска во 16 часот. 

Како што е познато, досега кандидатури поднесоа Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски. 

Нивните кандидатури се веќе поднесени и ќе чекаат на изборите кои се вонредни и се закажани за 12 декември годинава. 

Миле Зечевиќ, долгогодишен истакнат член на СДСМ, и поранешен организациски секретар на партијата, реши да не се кандидира на партиските избори за лидер на партијата. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 342 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 135, Битола – 35, Велес – 17, Прилеп, Кавадарци и Берово – 16, Охрид – 15, Куманово – 13, Струмица – 10, Штип – 9, Кочани и Гевгелија – по 8, Свети Николе и Ресен – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Делчево – 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако сме завршиле школо и имаме добра идеја, тоа само по себе не е доволно за успех. Патот до успехот е долг и има многу препреки. Успехот има многу елементи, кои не ги пишува во книга, туку се учат преку секојдневна работа,тоа е начинот да се стекнеме со многу вештини. А се што работиш, мора да е со љубов ако сакаш да успееш, вели во интервју за Фактор, Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“ потпреседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Државната комисија за спречување на корупцијата има полни раце работа. Во оваа институција деновиве стигнале податоци за имотната состојба на над 5.000 функционери, и тоа и поранешни, на кои им завршил мандатот, но и на нови, на кои допрва им стартува.

Извршителот Никола Богатинов со налог за извршување заплени уште 10 милиони евра од имотот на рускиот бизнисмен и поранешен инвеститор Сергеј Самсоненко, овој пат со замрзнување на удел од 10 милиони евра во неговата авио-компанија „Сис Авиатион“.

Повеќе од една недела светот живее во голем страв откако се појави новата варијанта на корона вирусот која СЗО ја нарече омикрон. Првичните информации беа дека е дури 500 пати позаразен сој и дека поради огромниот број мутации кои вирусот ги има направено токму на спајк-протеинот, нема да имаа дејство ниту вакцините, ниту пак имунитетот создаден по прележување на болеста.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено