19 Декември, 2025
0.0922

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условно осудено и протерано од Македонија е лицето кое вееше карта на „Голема Албанија“

Објавено во: Македонија 07 Август, 2025 22:29

Добивај вести на Viber

ГЕРМАНСКИ ДРЖАВЈАНИН Е ОСУДЕН УСЛОВНО И ПРОТЕРАН ПОРАДИ ВЕЕЊЕ КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Германски државјанин е осуден за веење знаме на „Голема Албанија“ пред натпреварот Шкендија–Карабаг. Тој е протеран од земјава. 

Основниот кривичен суд во Скопје осуди државјанин на Германија на условна затворска казна од две години, откако беше фатен како вее знаме со мапа на „Голема Албанија“ и натпис „Автохтона“ пред натпреварот меѓу ФК Шкендија и ФК Карабаг на 5 август.

МИЦКОСКИ ЛЕТУВА ВО ХРВАТСКА

Од владината прес-служба информираат дека премиерот Христијан Мицкоски во следните четири дена ќе користи годишен одмор и ќе престојува во Хрватска. 

- Тоа ќе биде кратка пауза, пред повторно да се врати на своите обврски со полн интензитет, одговориле од таму за Плусинфо.

Од кабинетот на министерот Тимчо Муцунски информираат дека тој веќе е на годишен одмор и моментално престојува со семејството во Турција, каде ќе остане неколку дена.

МИНИСТЕРОТ ОБЈАСНИ КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАРКИНГОТ НА КЛИНИЧКИ

Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа. Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу по промоцијата на новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот.

На новинарско прашање поврзано со изградбата на новиот паркинг простор на Клинички, министерот рече дека наредната недела на прес-конференција ќе соопшти повеќе детали, но, вели, она што може да го каже во овој момент е тоа дека договорот ќе биде потпишан со Јавното претпријатие Градски паркинг кое и досега раководеше со паркингот на Клинички.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради сушите годинава, многу луѓе иако саделе одредени култури, ги наводнувале, прескале, сепак родот е слаб и неквалитетен и ќе мораат да купуваат храна. Иако вложиле време, пари, труд, сепак ќе мораат да купуваат намирници. Многу поплаки има за слабиот род на гравот.

Професорот и архитект Мишко Ралев беше меѓу најпосакуваните кандидати за градоначалник на град Скопје со поддршка на СДСМ, но опозициската партија реши да оди со „проверен партиски кадар“.

Развојна банка  вчера објави дека ја исплати четвртата транша во износ од 34,1 милиони евра кон деловните банки за 114 одобрени проекти на домашните компании од таканаречениот Унгарски кредит.

Градскиот трговски центар и физички и финансиски е на незавидно ниво - И 2024 година ја има завршено со загуба, овојпат од 396 илјади евра. И покрај приходот од 4,2 милиони евра, расходите од 4,6 милиони евра ја направија разликата, со која симболот на Скопје повторно се најде меѓу најголемите загубари.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот