ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е МОНТИРАН: Чаурата која беше прoнајдена во близина на Велес е вештачена, но не е доставена како доказ
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски вели дека се работи за монтиран случај.
Обвинителството изведуваше материјални докази, а Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски. Тој рече дека е недозволиво судијата во овој случај да не е заинтересиран и, како што вели тој, да не го бара оружјето со кое се извршени двете убиства.
„Ова е монтиран случај и спрега помеѓу судот, полицијата и обвинителството. Дури и чаурата која беше пронајдена во близина на Велес е вештачена, но не е доставена како доказ“, вели Палевски.
Дополнително тој праша каде исчезнала ташничката на обвинетиот Велибор Манев на пат од Велес до полициската станица Кисела Вода и што имало во неа.
Вања била застрелана во глава од растојание од половина метар, од задната страна на телото, во момент кога клечела. Анализите покажале дека трагите од кал под нејзините нокти, како и на врвовите на нејзините патики, укажуваат дека се движела низ каллива подлога непосредно пред ликвидацијата.
Обвинителството изнесе и други клучни докази, меѓу кои и фотографии од мобилниот телефон на Панче, пронајден фрлен во трње, и снимки од местото каде што биле откриени телата. Телото на Панче било закопано во плитка дупка од 60 сантиметри длабочина и 160 сантиметри дијаметар, каде што била пронајдена и чаура од куршум.
Двојното убиство се случи лани. Палевски избега во Баликесир во Турција и таму полицијата го уапси. Тој сепак тврдеше дека таму отишол поради операција. Вања и Панче претходно неа пријавени за исчезнати, по што се дозна дека се работи за двојно убиство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.