ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ЗАМЕНА НА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ: налепниците се достапни за сите граѓани
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.
- Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 год - соопштија денска од МВР.
Налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.