22 Мај, 2024
0.0312

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во голема полициска акција уапсени полицајци и цариници, а во рамки на „Отворен Балкан“ потпишани неколку договори

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

РЕАЛИЗИРАНА Е ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА

Притвор добија уапсените цариници и полицајци. 

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед дека против истиот е поднесен предлог во скратена постака.

Судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истрагата и опасност да го повторат делото.

ПОТПИШАНИ СЕ ПОВЕЌЕ ДОГОВОРИ ВО РАМКИ НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“


Во Тирана денеска се потпишани како трилатерални, меѓу владите на Република Албанија,  Република Србија и Република Северна Македонија, Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан, и Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.

Премиерот Зоран Заев учествуваше на заедничката прес-конференција со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија, Еди Рама на која информираа за резултатите од Самитот „Отворен Балкан“.

Со овие договори, истакна на прес-конференцијата премиерот Заев, им овозможуваме на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан” со што започнува остварувањето на можноста за олеснет и непречен пристап до пазарот на труд во трите земји.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на одржувањето на Самитот „Отворен Балкан“ во Тирана, овој вторник го започна со израз на 32-риот претседател на САД, Френклин Д. Рузвелт: Можеби нема да им ја подготвуваме иднината на нашите деца, но ние може да ги подготвиме нашите деца за иднината.

Според него, „Отворен Балкан“ е иницијатива за подготовка на иднината на децата, за да им се овозможи на граѓаните да се поврзат и да разменат искуства.

АНТИКОРУПЦИСКА ИМА ПРИЈАВА ЗА ИСМАИЛИ

Државната комисија за спречување на корупција поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Хусни Исмаили, кој е предложен за потпретседател на Собранието според новиот коалициски договор на актуелната власт со Алтернатива.

Поранешниот министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

ДЕНЕС ИМА 335 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

· Направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По зацврстувањето на парламентарното мнозинство, по договорот со Алтернатива, меѓу останатите министерства, оваа партија го добива и Министерството за здравство, а извори на Фактор брифираат дека освен Венко Филипче, оттаму ќе замине целиот негов кабинет.

Од македонските агенции за недвижности велат дека падот на лирата, и големиот интерес на странците за купување на имоти во Турција, ќе мотивира и дел од македонското население својот капитал да го вложи во купување на куќа или стан во оваа земја.

Познати бизнисмени на големо инвестираат во производството на струја

Се повеќе познати бизнисмени се одлучуваат да влезат во производството на електрична енергија, дејност која со „зелената агенда“ станува популарна во овој период во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази