ФАКТОР НА ДЕНОТ: Загинаа три медицински лица од Прилеп, утре во градот е Ден на жалост
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024
ЗАГИНАА ТРИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД ПРИЛЕП
Во Прилеп утре ќе биде Ден на жалост поради несреќата во која загинаа три медицински лица. Оваа одлука ја донесе денеска Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.
Тие загинаа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.КРИВИЧНА ЗА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ И НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ
По веста дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против градоначалник на една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, се јавија со реакција од Општина Карпош.
Од Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.ДВЕ ЛИЦА САКАЛЕ ДА КРАДАТ ОД ЗГРАДАТА КАДЕ ИМАШЕ ПОЖАР
Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.
Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, денеска на брифингот во РЕК Битола објави дека новото раководство останува да соработува со истите оператори за увоз на јаглен што ги договори минатата власт, но со подобрени услови.Се продава голем и вреден имот на поранешен ФЕНИ, сегашен Еуроникел во стечај, и тоа за евтини пари. Се продаваат и објекти и суровини, а преку Централниот регистер уредно можат да се видат и цените кои ги нудат потенцијалните купувачи, а кои се значително пониски од проценетата вредност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.