ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жестоки борби во Израел, над 100 наши граѓани сакаат да се вратат дома
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2023
НАД 100 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ САКААТ ДА СЕ ЕВАКУИРААТ ОД ИЗРАЕЛ
Oд Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека безбедносната состојба во Израел, сѐ уште останува сложена. Состојбата во и околу Тел Авив, како и поголемите градови во Израел и делот на Западниот брег иако без воени операции останува напната. Меѓународниот аеродром во Тел Авив е во целосна функција и од таму сѐ уште оперираат редовните комерцијални летови, како и посебните чартер летови; но бројни авио компании низ светот во најголем дел ги одложија редовните линии со што редовниот авио превоз е отежнат.
САШКО ЈОВЕВ СИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА ВИДЕАТА КОИ СЕ ПОЈАВИЈА ВО ЈАВНОСТ
Професор доктор Сашко Јовев се огласи откако до медиумите стигнаа видеа во кои се тврди дека тој е насилник. Тој објасни за што станува збор во изјава за Фактор.
ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ НАНЕСЕ ТЕЖОК ПОРАЗ НА ХАМАС
Милитантите од Хамас не сакаат преговори со Израел, а израелските власти се заканија со одмазда.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ова е само почеток на она што Хамас ќе го искуси како казна за саботниот изненадувачки напад на земјата, по кој бројот на жртвите расте.
„Она што Хамас ќе го искуси ќе биде тешко и ужасно. Ова е само почеток. Ќе ги поразиме со огромна сила. Нашиот одговор ќе го промени Блискиот Исток“, изјави Нетанјаху при посетата на јужен Израел.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.