21 Мај, 2024
0.0303

ФИЛИПЧЕ: За декриминализација на канабисот потребни се измени и во Кривичниот законик

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Новите измени во Закон за опојни дроги е процес кој вклучува повеќе државни институции, граѓански организации, здруженија на пациенти и невладин сектор, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата 360 на Алсат. Законската надлежност во моментов на Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели, како и препишување на канабис за медицинска употреба. Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите.

„Економскиот бенефит, директно ќе го почувствуваат нашите пациенти. Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство. Така почнавме, да ги зголемиме програмите во делот на ретките болести, а за тоа имаме согласност и поддршка од здруженијата на пациенти со ретки болести. Понатаму, размислуваме во делот на проширување на дијагнозите, како проширување на лекари специјалисти оди во прилог на тоа дека еден од приоритетите е интересот на пациентите, имајќи го предвид и сегашниот интерес на сегашните специјализанти кои имаат лиценца да ги даваат овие два рецепти за медицински канабис“, рече Филипче.

Декриминализацијата на канабисот е комплексно прашање, рече Филипче, нагласувајќи дека опфаќа повеќе сектори и повеќе институции. Од голема важност во тој процес се идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, Министерството за здравство, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

„Оваа дебата треба да се развие. Следен чекор е промена не само на Законот за опојни дроги туку и на други закони на пример Кривичниот законик за кој мора да се вклучат и претставници на Министерството за правда. Сегашниот систем кој го регулира одгледувањето, лиценцирањето на компаниите за одгледување на медицински канабис, извозот понатаму во делот на препишување од страна на лекари специјалисти е нешто што е само наша активност меѓутоа ова бара една навистина широка дебата во општеството да се слушнат буквално сите чинители - изјави Филипче.

Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги досега има издадено 60-тина лиценци на компании кои направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн. Овој закон предвидува препишување на канабис за медицинска употреба согласно концентрацијата на ТХЦ, што го користат повеќе лекари-специјалисти кои лекуваат болести за кои е индицирана употребата на канабисот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази