27 Ноември, 2024
0.0276

Фискалните и финансиските ограничувања го запираат развојот кој му е потребен на светот и негативно влијаат врз благосостојбата на луѓето

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објави глобално истражување кое детектира дека добросостојбата на луѓето и на планетата премногу често зависи од рамнотежата на фискалните и финансиските ограничувања. Станува збор за Анализата на Целите за одржлив развој, реализирана во соработка со 95 земји во развој, вклучително и Северна Македонија, која содржи посебни извештаи за секоја од овие држави. Во неа се потенцира дека стандарните практики за развој на овие држави, заради комплексните фискални и финансиски ограничувања, резултираат со јаглерод интензивни и неинклузивни исходи.

Во делот за Северна Македонија се посочува дека сите чинители треба да посветат поголемо внимание и да вложат повеќе ресурси во човечкиот капитал, создавањето пристојни работни места, поттикнување на научните истражувања, како и да се работи на одговорно ползување на природните ресурси и поттикнување одржлива економија.

„На самитот на ОН за одржлив развој, УНДП повикува на меѓународна акција за остварување еколошки одржлив и инклузивен економски раст. Неопходно е преуредување на меѓународната финансиска архитектура и на домашните политики кои ќе им овозможат на земјите подобро да ги усогласат своите фискални и финансиски ресурси кон Целите на одржлив развој“, истакна Ахим Штајнер, Администратор на Програмата за развој на Обединетите Нации.

Новите проекции покажуваат дека во последните три години, 72 од 95 држави ги зголемиле јаглеродните емисии, а кај 38 од нив тоа зголемување е дури за 10 проценти. Истовремено, само една од пет земји, го намалила нивото на сиромаштија од 2019 година, додека таа останала на исто ниво или се зголемила во 72 од 95 земји.

Директорката за интеграција на Целите за одржливиот развој во УНДП, Лорел Патерсон вели: „Анализата открива дека националните приоритети на владите како работните места, инфраструкурата, градовите и институциите може да доведат до поширока усогласеност на социјалниот, еколошкиот и економскиот напредок. Но, за да го направат тоа, овие приоритети мора да бидат поврзани со комбинирање на Целите за одржлив развој.“

SDG Insights e уникатно и сеопфатно истражување, кое користи вештачка интелегенција за анализа на големите бази податоци, како дел од консултативната методологија, која може да им помогне на земјите и креаторите на политиките да ги промовираат нивните агенди за развој на поиновативен и поефиктивен начин. Делот од извештајот кој се однесува на Северна Македонија е достапен на следниот линк: https://sdgpush-insights.undp.org/reports/mkd

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции