16 Декември, 2025
0.1503

Фондот за иновации и технолошки развој ги презентираше можностите за поддршка на иновативните проекти

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 18:23

Добивај вести на Viber

На денешната  презентација на можностите за финансирање иновативни проекти на старт ап и спин оф компании во организација на Фондот за иновации и технолошки развој учесниците ја оцениле финансиската поддршка од државата како проекти кои резултираат со  нови работни места и примена на нови технологии.

Преку тековниот повик на Фондот се обезбедува финансиска поддршка со вкупен износ од 600 илјади евра, а проектите што ќе се финансираат се до 30.000 евра, односно покривање на 85 проценти од трошоците.

– Таргетот за овој повик е дека ќе финансираме околу 20 компании, а се надеваме дека секоја компанија ќе има барем пет лица коишто ќе бидат задолжени за активностите за реализација на проектот, но не ги условуваме од старт да прикажат точно пет, на некои може ќе им треба повеќе, на некои помалку вработувања, изјави Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој на РМ.

Според Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори, старт ап и спин оф компаниите реално тешко доаѓаат финансии, а првата транша од 600.000 евра на Програмата на Фондот за иновации ќе има позитивна улога за нивниот развој.

– Овие компании се во категоријата на компании кои најтешко реално обезбедуваат средства и доаѓаат до финансии во комерцијалните банки. Затоа сметаме дека Фондот за иновации и технолошки развој ќе има позитивна улога за овие старт ап компании. Ги охрабруваме овие старт ап компании да влезат во категоријата на компании кои ќе бидат оценувани за да ги добијат овие средства за воведување на иновациите, изјави Алексов.

Иновациските проекти, според директорката на српскиот Фонд за иновациска дејност Наталија Сандиќ, има потенцијал. Преку програмите на српскиот Фонд, кој фукционира 3,5 години, досега се отворени 300 работни места. – Во изминатите 3,5 години алоциравме 6 милиони евра за 53 иновативни проекти, преку кои се вработени над 300 лица и се ангажирани над 30 институции и над 100 експерти кои се занимаваат со истражување и развој. Резултатите се уште се сумираат затоа што имплементацијата на проектите се уште трае, изјави Сандиќ.

Нашата порака, додаде, е да ги охрабриме потенцијалните апликанти од Македонија бидејќи и ние кога почнувавме бевме малку скептичн дали навистина постои потенцијал. Но во изминатите години примивме над 470 апликации и се докажа дека постои потенцијал, изјави Сандиќ.

За промоција на тековниот повик за старт ап и спин оф компании Фондот за иновации и технолошки развој ќе реализира дополнителни информативни настани.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк