16 Декември, 2025
0.0616

(ФОТО) Бидете дел од третата генерација студенти на Академијата за менаџери!

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2014 11:59

Добивај вести на Viber

Започнаа уписите за Академијата за менаџери во Скопје. Оваа година, третата генерација редовни студенти ќе ги започнат своите постдипломски студии на една од трите насоки: Маркетинг, адвертајзинг и ПР, Менаџмент и Финансии и банкарство. „Уписите се во тек и ќе траат се до 10 октомври. За програмите во Скопје имаме обезбедено и стипендии, за кои може да се дознаат повеќе информации од нашата веб-страница или преку иновативната промотивна кампања која е во тек. На овој начин сакаме да ја поддржиме бизнис заедницата во Република Македонија, како и да им овозможиме на сите заинтересирани кандидати полесен пристап до едукација по највисоки светски стандарди”, изјави Марија Никовска, директор на Акедемијата за менаџери во Скопје. Академијата за менаџери постои повеќе од две години во Скопје. Основана е под академска надлежност на Универзитетот Шефилд од Велика Британија и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ, во соработка со Сојузот на стопански комори и со поддршка на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Досега програмите на Академијата за менаџери се посетени од повеќе од 260 учесници и се доделени 80 стипендии од Министерството за образование и наука, а во тек е и реализација на едногодишната тренинг програма со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Со студирањето на програмите на Академијата за менаџери се стекнувате со диплома од Универзитетот Шефилд, кој е на листата на топ 100 Универзитети во светот и е 23-ти најдобар универзитет во Европа, со што спаѓа во 1% од најдобрите универзитети на глобално ниво. За академската година 2011/2012 година беше прогласен за Универзитет на годината, а неодамна во глобален извештај беше рангиран на прво место како универзитет на кој студентите најмногу сакаат да студираат. Над 800 сограѓани од Република Македонија досега се имаат здобиено со диплома од овој Универзитет и нивниот број постојано расте. За повеќе информации за програмите, условите за упис и стипендиите на Академијата за менаџери, посетете ја веб-страницата www.managersacademy.mk или пак информирајте се на телефонскиот број (02) 3064-533.  

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив