(ФОТО) БУТЕЛ ПОД ПОЛИЦИСКА ОПСАДА: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се коцкаат со соживотот на граѓаните?
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2016
Ќе донесе ли поставувањето на Крстот во Бутел нови етнички тензии? Ќе се „раскрсти“ ли со верскиот соживот во Бутел? - Се коцкаат ли ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со нервите на граѓаните во оваа скопска општина?
Овие прашање се поставија после денешното осветување на Крстот кој е висок 55 метри, широк 4 метри, со ширина на краците од 34 метри.
Според многумина поставувањето на Крстот на ова место доаѓа како одговор на двоглавиот орел кој претходната недела беше поставен.
На местото каде се правеше осветување на темелите на метарскиот метален крст, имаше големи специјални полициски сили и полициски оклопни возила.
Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, со свештеници од Скопската епархија, а Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес.
Од фотографиите кои кружат на социјалните мрежи може да се забележи дека оваа скопска Општина е под полициска блокада.
Фотографии од ФБ профилот на Мухамед Зекири