(ФОТО) Еве како изгледаат дисплејот и процесорот на iPhone 6
Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2014
9to5Mac е веб сајтот кој го следи Apple а кој нам ни открива доста нови информации поврзани со дисплејот и процесорот на iPhone 6.
Според изворите блиски од компанијата на Apple до кои дошол овој сајт дисплејот на новиот iPhone ќе порасне и сигурно ќе има големина на екранот од 4.7 инчи со резолуција од 1704 x 960 пиксели.
Воедно 9to5Mac пренесува дека iPhone 6 ќе работи на нов А8 процесор чија главна иновација ќе биде во заштеда на батеријата чија искористеност и потрошувачка е директно поврзана со големината и резолуцијата на дисплејот.
iPhone 6 се очекува да биде најавен кон крајот на летото, а во игра е и поголема фаблет верзија со екран од 5.5 инчи.